ПОСТМОДЕРНИ МЕЃУЧОВЕЧКИ РЕЛАЦИИ, МАНИПУЛАТИВНИ ИГРИ НА МОЌ И ЕТИЧКИ НОРМИ ВО РОМАНОТ „ДИССОМНИИ“ НА ИГОР СТАНОЈОСКИ
Апстракт
Трудот претставува едно можно читање на романот „Диссомнии“ на Игор Станојоски, толкуван преку Баумановите флуидни меѓучовечки релации и етичките норми на новото време. Станува збор за роман во кој личната семејна драма на раскажувачот е испреплетена со колективната драма на револуционерните протести на плоштадот Мајдан во 2013 година во Украина, со состојбите во македонското општество, со лажната демократија, со психолошката војна и лажните вести, со влијанието на новите форми на пропаганда врз психолошката состојба на поединецот.
Во интерпретацијата на романот се поаѓа од критичките ставови на Малком Вотерс за глобализацијата, за глобалното село, во кое лесно можат да се инкорпорираат интересите на моќните транснационални структури, кои, преку различни манипулации, ги оставаруваат своите интереси. Во трудот се користени и препораките на псиохологот Клад Штајнер за препознавање и за разобличување на манипулациите на двете инволвирани страни во конфликтите на глобално ниво и нивното пренесување во стилот на функционирањето на одделни личности од медиумите, кој потоа влијае и врз нивниот приватен љубовен живот.
Преку подробна анализа на двете дела од романот на кои како мото стојат искази од збирката раскази „Војната нема женско лице“ на нобеловката Светлана Алексиевич, во трудот се доаѓа до заклучоците дека во постмодерното глобализирано општество заради остварувањето на целта на глобализаторите, луѓето често се подложни на манипулации, кои потоа негативно се одразуваат врз етиката и меѓучовечки релации и дека сè уште сме далеку од крајот на обединувањето на кое му претстојат долги исцрпувачки воени конфликти во кои ќе бидат инволвирани сите човечки ресурси.
Downloads
Референци
Алексиевич, Светлана. 2016. Војната нема женско лице. Антолог: Скопје. [Aleksievič, Svetlana. 2016. Vojnata nema žensko lice. Antolog: Skopje]
Бауман, Зигмунд. 2005. Постмодерна етика. Темплум: Скопје. [Bauman, Zigmunt. 2005. Postmodern Ethics. Templum: Skopje]
Бауман, Зигмунд. 2013. Флуидна љубов. Слово: Скопје. [Bauman, Zigmunt. 2013. Liquid Love. Slovo: Skopje]
Вотерс, Малком. 2003. Глобализација. Институт за демократија, солидарност и цивилно општество: Скопје. [Waters, Malcom. 2003. Globalization. Institut za demkratija, solidarnost i civilno opštestvo: Skopje]
Стајнер Клод. 2008. Другата страна на моќта. Магор: Скопје. [Steiner, Claude. The Other Side of Power. Magor: Skopje]
Станојоски Игор. 2017. Диссомнии. Антолог: Скопје. [Stanojoski, Igor.2017. Dissomnii. Antolog:Skopje]
Hardt Michael & Negri Antonio. 2000. Empire. Harvard University Press.
Vattimo, Gianni. 2008. Transparentno društvo. Algoritam: Zagreb.
Авторски права (c) 2023 Jasmina Mojsieva - Gusheva
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.