РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТРАУМАТА ОД СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО 1963 ГОДИНА ВО ТАЖАЧКИТЕ ПЕСНИ СОБРАНИ ОД ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ

  • Ана Мартиноска
  • Жарко Иванов

Апстракт

Трудот се базира на новообјавените тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. од архивските материјали на Васил Хаџиманов и има за цел да ја прикаже репрезентацијата на траумата од скопскиот земјотрес како значајна мемориска одред­ница на нашиот колективен идентитет. Тажачките песни на Хаџи­манов покажуваат како во македонската народна култура се мани­фестира присуството на траумата и какви се импликациите од ката­строфалниот земјотрес во фолклорното паметење на непосред­ните сведоци на еден од клучните трауматски настани од исто­ријата на градот и на земјата. Во трудот се прикажува значителните тематски и мотивски разлики на овие со претходните записи на македонски тажачки песни и се анализираат репрезентациите на траумата, предизвикана од природната катастрофа, која донела ненадејна смрт на огромен број жртви. Во нив се прикажуваат бројни детали од биографијата на жртвите, кои зборуваат за нивниот живот пред трауматскиот настан и истовремено претста­вуваат опис на општествената стварност како временски, просто­рен и историски сетинг во кој се одвива траумата. Со вакво реконструирање на настанот, индивидуалното страдање се прето­пува во колективната траума.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-10-30
Рубрика
Историја и филологија