МАКЕДОНСКИОТ РОМАН И ТРАНЗИЦИЈА
Апстракт
The Macedonian novelistic production in the last fifteen years is deeply determined by the concepts of transition, cultural transition and identity. These tendencies are establishing two images that present the relation Macedonia-Europe regarding the space and both synchronic (presentpresent) and diachronic (present-past) level regarding the time. The first type produces the collective, ethnical identity (the novels “Aristocrat” by Ermis Lafazanovski and “The eight world wonder” by Jordan Plevnes) and the second one produces the individual identity (“The hidden camera” by Lidija Dimkovska, “Dzahis and the dog exterminators” by Pajo Avirovic and “The Peeper” by Aleksandar Prokopiev). This classification is relational because identity is not one and only and established forever, but it is “complex and heterogeneous”. Therefore, the collective identity contains the individual one, so their precise separation is not feasible.
Downloads
Референци
1994.
Foucault M. "Truth ahd Power"/ Pover / Knowlege: SelectedInterviews and Other Writings, 1972-
1997 // ed. Colin Gordon, New York: 1980.
Jelić, Jordan Identitet / D.S.M. Zagreb: Grafika, 1999.
Kalanj, R. Moderno drustvo i izazovi razvoja / Hrvatsko sociolosko drustvc. Zagreb: 1994.
Majstorović, S. U traganju za identitetom/ Slovo-ljubve. Beograd: Prosveta, 1979.
Авировиќ, П. Џахис или истребувачите на кучиња / Скопје: Детска радост, 2005.
Аврамовска Н. Ние во времето/ Скопје: Магор, 2006.
Георгиевска – Јаковлева Л. Алегоријата, гротеската и македонскиот роман/ Скопје:
Институт за македонска литература, 2002.
Димковска, Л. Скриена камера / Скопје, Магор, 2004.
Лафазановски, Е. Благородник / Скопје: Зојтер, 1997.
Ќулавкова К. Херменевтика на идентитети. Скопје: Култура, 2006.
Прокопиев, А. Ѕиркачот / Скопје, Магор, 2006.
Плевнеш, Ј. Осмото светско чудо / Скопје, Култура, 2005.
Стојменска – Елзесер С. „Лидија Димковска: Скриена Камера“ / Културен живот, бр. 4.
2004.
Цитирано според Глен Џордан и Крис Ведон, Културна политика, Темплум, Скопје 1999,
стр.319, автор: Price, 2989a, str. 65.
Џордан Г. и Ведон К., Кулурна политика. Скопје: Темплум, 1999, стр. 362.
Шелева Е. Преселничка равенка на писмото / Дом/идентитет. Скопје: Магор, 2005.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.