Ние зачувуваме аноними кориснички активности. Ве молиме прочитајте ги информациите за приватност за детали.
Пред нас е петтиот број на изданието Филолошки студии објавен во два тома на четири литературни јазика (македонски, руски, словенечки и хрватски). Интердисциплинарното издание Филолошки студии, започна како резултат од заедничката тригодишна руско-словенечка меѓународна соработка на која во четвртата година ѝ се приклучи и Македонија. Петтото јубилејно издание го означува перманентното проширување на соработката преку вклучувањето и на хрватската филолошка научна мисла, поточно на Филозофскиот факултет од Универзитетот од Загреб, во веќе традиционалната универзитетска соработка на Филолошкиот факултет при Пермскиот државен универзитет, Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, Институтот за македонска литература, кој функционира во составот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
Изданието ја обединува научната мисла од четирите словенски земји од повеќе области во веќе стандардно препознатливите рубрики: Филозофско-културолошки проблеми; Историја и филологија; Зборот во историско-културолошки контекст (споредбен аспект), Современиот социум во културата, јазикот и литературата; Проучување на говорот и лингводидактика; Рецензии и информации.