НЕШТО ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНОНИМНИОТ ТЕСТ СПРОВЕДЕН КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ОД VI ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИПСКО
Апстракт
Морфолошките особености на менливите зборови се застапени во наставните програми преземени од Бирото за развој на образованието по предметот македонски јазик. Целна група на истражувањето ќе бидат учениците од VI одделение во Штипско. Со оглед на тоа што менливите зборови за првпат се усвојуваат во шесто одделение, според наставните програми по предметот македонски јазик, тестирањето ќе биде спроведено кај овие ученици, сметајќи дека темата им е усвоена. За таа цел, ќе подготвиме наменски составен тест по македонски јазик што ќе содржи вежби во кои ќе бидат застапени морфолошките особености на менливите зборови, усвоени дотогаш. Вежбите ќе бидат целосно или делумно преземени од актуелните учебници по предметот македонски јазик во наставата, но и од други извори од научната и од стручната литература за македонскиот јазик. Пред спроведувањето на тестот, преку анонимна анкета, ќе го утврдиме бројот на ученици со кои ќе располагаме за време на тестирањето. Целта на овој труд е, преку анализата на добиените резултати од учениците од VI одделение, во Штипско, да се види колку тие ги имаат усвоено морфолошките особености на менливите зборови и во која мера се појавуваат евентуалните јазични грешки кај нив.
Downloads
Референци
Биро за развој на образованието при Министерството за образование и наука на РМ http://bro.gov.mk/index.php?q=osnovno-obrazovanie.
Бојковска, Стојка, Минова-Ѓуркова, Лилјана, Пандев, Димитар, Цветковски, Живко. Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: Просветно дело, 2008.
Гочкова-Стојановска, Татјана. Практикум по морфологија на македонскиот литературен јазик. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2008.
Дикро, Освалд, Тодоров, Цветан. Енциклопедиски речник на науките за јазикот 2. Прев. проф. д-р Атанас Вангелов, Скопје: Детска Радост, 1987.
Дикро, Освалд, Тодоров, Цветан. Енциклопедиски речник на науките за јазикот 1. Прев. проф. д-р Атанас Вангелов, Скопје: Детска Радост, 1994.
Заедничка европска референтна рамка за јазици: учење, настава и оценување. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 2012.
Јанева, Марија. „Предавање и изучување граматика“. Годишен зборник XVIII – XIX (1992/93): 83-89.
Маленко, Билјана. Штипскиот говор. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2012.
Николовска, Елица, Николовски, Атанас. Методика на наставата по македонски јазик во основното училиште. Скопје: Студентски збор, 1983.
Паноска, Ружа. Методика на наставата по македонски јазик. Скопје: Просветно дело, 1994.
Пановска-Димкова, Искра. „Практикум по правопис со правоговор на македонскиот литературен јазик“. Скопје, 2010.
Петковска, Благица. „Македонскиот стандарден јазик како средство и содржина во одделенската настава“. Меѓународен македонистички собир. Скопје, 2010.
Петроска-Бешка, Виолета. Анкетирање – што, зошто, кој, како. Скопје: Филозофски факултет, 1999.
Тантуровска, Лидија. „За глаголските форми во законодавно-правниот потстил“. XXXV научна конференција на XLI меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Скопје (2009): 79-88.
Тантуровска, Лидија. „За граматичката категорија лице“. Меѓународен научен симпозиум ʼБлаже Конески и македонскиот јазик, литература и култураʽ. Скопје, 2011.
Тантуровска, Лидија. „Предлогот на по глаголската именка“. XXXIX научна конференција, на XLV меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Скопје (2013): 173-180.
Crystal, David. Enciklopedijski rečnik moderne lingvistike. Прев. Klajn, Ivan, Hlebec, Boris. Beograd: Nolit, 1985.
De Saussure, Ferdinand. Opšta lingvistika. Прев. Sreten Marić. Beograd: Nolit,1977.
Ivić, Milka. Pravci u lingvistici. Ljubljana: Državna založba Slovenije, 1975.
Kristal, David. Enciklopedijski rečnik moderne lingvistike, Beograd: Nolit, 1985.
Rikard, Simeon. Enciklopedijski rječnik lingvističkih naziva. Zagreb: Matica Hrvatska, 1969.
Škiljan, Dubravko. Pogled u lingvistiku. Zagreb: Školska knjiga, 1980.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.