ГОЛЕМАТА (МАЛАТА) БУКВА ВО ПИШАНАТА ПРАКТИКА НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК
(ПОИМИ ОД ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО)
Сажетак
Во пишаната практика на македонскиот стандарден јазик,многу често, се забележуваат неусогласеност и недоследност, во однос на употребата на правилата за пишување на гласовите и на збороформите. Во оваа смисла, особено се важни поимите од областа на образованието, кои, многу често, се среќаваат во пишаната практика на оние кои на каков било начин се поврзани со оваа дејност, а, кои, секако, внесуваат дилеми за тоа како треба да бидат напишани во однос на големата, односно на малата буква. Следствено, во трудот се покажуваат конкретни разлики во пишувањето на поими од областа на образованието(со голема или со мала буква) и истовремено се укажува на тоа дека непрецизноста и недореченоста на правилата за нивна употреба во Правописот резултираат со различни толкувања и различна реализација во пишуваната практика на јазикот. Тоа, пак, од своја страна, ја наметнува потребата од постоење на попрецизни правила во однос на овој дел од Правописот на македонскиот стандарден јазик.
Downloads
Референце
Правопис на македонскиот литературен јазик. Скопје, Просветно
дело
Пановска-Димкова, И. 2008. Практикум по правопис со правоговор на
македонскиот литературен јзик. Скопје, Филолошки факултет „Б.
Конески“
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License