ЗАГУБАТА, КУЛТУРНАТА МЕМОРИЈА И ЛИТЕРАТУРАТА НА ЕГЗИЛОТ

  • Гоце Смилевски Institute of Macedonian Literature at Ss. Cyril and Methodius University in Skopje (Macedonia)
Клучни зборови: егзил, траума, загуба, културна меморија, Едвард Саид, Зигмунд Фројд, Азаде Сејхан

Апстракт

Траумата на егзилот е поврзана со загубата, на што особено се осврнува Едвард Саид во своето дело „Рефлексии за егзилот“. Овој аспект го споменува и Зигмунд Фројд во „Жалење и меланхолија“, па оттаму и инсистирањето на голем број теоретичари на егзилот сите книжевни дела што го тематизираат преместувањето, заминувањето да се живее другаде, да бидат разгледувани и во контекстот на психологијата на загубата. Текстот ги изложува спротивставените ставови за литературата за егзилот на Едвард Саид, Џон Неубауер и Пол Табори, и нивните дефинирања на термините: егзиланти, бегалци, експатријати, апатриди, и ја истражува особената важност на културната меморија во литературата, која го тематизира егзилот и која се однесува на оние што не живеат во земјата во која се родени, или е создадена од нив. Потпирајќи се на истражувањата на Азаде Сејхан за сеќавањето и она што таа го нарекува „пишување надвор од нацијата“, текстот ја анализира литературата на егзилот како интенционално сеќавање предизвикано од загубата, која се повикува на реставрирачката способност на културната меморија, за да ги поврзе минатото и сегашноста во една интегративна целина.

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

Ilie, Paul. (1980). Literature and Inner Exile. Baltimore, London: The Johns Hopkins University Press.

Freud, Sigmund. (2006). The Penguin Freud Reader. New York, London: Penguin Books.

Kettler, David, Ben-Dor, Zvi. (2006). The Limits of Exile. Kettler, David, Ben-Dor, Zvi (Ed.). The Limits of Exile. (Thematic Issue of the Journal of the Interdisciplinary Crossroads, 2006, Vol. 3, N. 2). Pp. 1-9. Allahabad: Spectrum Press.

Said, Edward. (2001). Reflections on Exile. London: Granta Books.

Seidel, Michael. (1986). Exile and the Narrative Imagination. New Haven: Yale University Press.

Seyhan, Azade. (2001). Writing outside the Nation. Princeton and Oxford: Princeton University Press.

Tabori, Paul. 1972. The Anatomy of Exile. Edinburgh: Harrap.

Објавено
2020-11-07
Рубрика
Филозофско-културолошки проблеми