ФОЛКЛОРИСТИЧКИТЕ НАРАТИВИ И СИМБОЛИЧКИТЕ РЕЛАЦИИ НА ПАУНОТ И ПАУНОВИТЕ ПЕРЈА
Апстракт
Семантичките релации пројавени во митот, обредот и во визуелните наративи можат да се детектираат во многу фолклористички пројави и форми. Како пример ќе ја посочиме појавата на паунот, како архаично животно, симбол на: божественоста, царската инсигнација и врховните духовни достерели, пројавени во македонскиот и во балкански фолклор. При анализата за семантичката функција на паунот би ги споменала пауновите пердуви за на глава што ги носеле девојките и свршениците од Македонија, вклучително и лазарките – на дел од нивната обредна носија, како и на специфичниот сребрен или друг вид женски метален накит дел од празничната женска носија за на глава, кој вообичано ѝ ги подарувал на својата вереница, вереникот. Семантичка релација меѓу паунот, цвеќето и лозата, може да се проследи и во скутините на девојките и на невестите од регионот на Мавровско, во кои се јавуваат тие како архетипски космогониски симболи на вергилноста, на плодноста и на бесмртноста – појава, која ја среќаваме уште во антиката, но и во поширокиот културен ареал, како симболи со највисока инсигнација и божественост. За континуитетот на појавата на оваа птица на овие простори сведоштво ни даваат и низата примери со ранохристијанска иконографија, за што се посочени повеќе примери од Македонија. За значењето на оваа птица потврда ни даваат низата народни песни, како и употребата на паунови пердуви во ритуалната магија. Симболиката на паунот ја среќаваме и во езотериското учење на Европа, како симбол на завршната фаза на внатрешната трансформациија и на усовршување на човекот, која кореспондира со неговото исклучително значење и во културите развивани на Истокот.
Downloads
Референци
Алексова, Блага. (1994). Време на христијанизација, во: Археолошка карта на Р Македонија, Т. I, Скопје: МАНУ, 150–164.[Alexova, Blaga. (1994). Time of Christianization, in: Archaeological map of R. Macedonia, T. I, Skopje: MANU, 150–164]. (in Macedonian).
Велева, М. –- Лепавцова, Е. (1960). Български народни носии (албум), Т.1, София. [Veleva, M. - Lepavcova, E. (1960). Bulgarian folk costumes (album), Vol. 1, Sofia]. (in Bulgarian).
Влаховиђ, П. - Ациђ, П. (1953). Паун у народној религији, умотворинама и уметности, Гласник етнографског музеја у Београду, XIV, Београд: МПУ, 230–241. [Vlahovich, P. - Acich, P. (1953). Peacock in folk religion, imagination and art, Herald of the Ethnographic Museum in Belgrade, XIV, Belgrade: MPU 230–241]. (in Serbian)
Вакарелски Х., (1974). Етнография на България, София. [Vakarelski H., (1974) Ethnography of Bulgaria, Sofia]. (in Bulgarian).
Chevalier, J. - Greerbrant, A. (1983). Rječnik simbola, Zagreb : Matica Hrvatske. [Dictionary of sumbols]. (in Serbo-Croatian).
Дачева, С. (2000). За доброто и лошото момиче, София : ИК Синева. [Dacheva, S. (2000) About the Good and the Bad Girl, Sofia: IK Sineva,]. (in Bulgarian).
Делиниколова, Зора. (1982). Народниот накит и китењето во Македонија (каталог), автор на предговорот: З. Делиниколова, Скопје : Музеј на Македонија. [Delinikolova, Zora. (1982). Folk jewelry and decoration in Macedonia (catalogue), author of the foreword: Z. Delinikolova, Skopje: Museum of Macedonia]. (in Macedonian).
Дънеков П. (1980). Български фолклор, Т.1, София, 314–315. [Dunekov P. (1980) Bulgarian folklore, T.1, Sofia, 314–315]. (in Bulgarian).
Ions, V. (1985). Egipatska mitologija, Otokarkersovani, Ljubljana. [Ions, V. (1985). Egyptian Mythology, Otokarkersovani, Ljubljana]. (in Serbо-Croatian).
Здравев Ѓорѓи. (1991). Македонски народни носии, Т.I, Скопје: Матица Македонска. [Zdravev Georgi. (1991). Macedonian folk costumes, T. I, Skopje: Matica Makedonska]. (in Macedonian).
Кнежевић, С. (1953-1954). Један редак пример старе сеоске архитектуре (у селу Дружетичима, под Маљеном), Гласник Етнографског института Српске академије наука, II-III, САНУ: Београд, 446–453. [Knežević, S. (1953-1954). A rare example of old village architecture (in the village of Druzheticima, under Maljeno), Herald of the Ethnographic Institute of the Serbian Academy of Sciences, II–III, SANU: Belgrade, 446–453]. (in Serbian).
Кнежевић, С. (1971). Птиците во фолклорот и во симболиката кај балканските народи, Македонски фолклор, бр. 7–8, Skopje: Institute of Folklore Marko Cepenkov, 121–129. [Knežević, S. (1971). Birds in folklore and symbolism among the Balkan peoples, Macedonian folklore, No. 7–8, Skopje: Institute of Folklore Marko Cepenkov, 121–129]. (in Macedonian).
Крстева, Ангелина. (1984). Везбената традиција во Дебарски Дримкол денес, Македонски Фолклор, XVII, 34, Институт за фолклор Марко Цепенков, Скопје, 127–132. [Krsteva, Angelina. (1984). The exercise tradition in Debar Drimkol today, Macedonian Folklor, XVII, 34, Skopje: Institute of Folklore Marko Cepenkov, 127–132]. (in Macedonian).
Крстева, Ангелина. (2011). Македонски народни везови, Скопје: Матица Македонска. [Krsteva, Angelina (2011). Macedonian folk embroidery, Skopje: Matica Makedonska]. (in Macedonian).
Крстева, Ангелина. (1998). Народната носија од Скопска Блатија, Музеј на Град Скопје, Скопје. [Krsteva, Angelina. (1998). Folk costume from Skopje Blatija, Museum of the Skopje: City of Skopje]. (in Macedonian).
Крстева, Ангелина. (1985). Старото прилепско килимарство, Македонски фолклор, XVIII, 35, Скопје : Институт за фолклор Марко Цепенков, 107–115. [Krsteva, Angelina. (1985). The old carpeting of Prilep, Macedonian folklore, XVIII, 35, Skopje: Institute of Folklore Marko Cepenkov, 107–115]. (in Macedonian).
Крстева, Ангелина. (1976). Улогата на револуционерните комитети во илинденскиот период за некои примери во народните носии. Гласник ИНИ, XX, 1, Скопје, 107–120. [Krsteva, Angelina. (1976) The role of revolutionary committees in the Ilinden period for some examples in folk costumes. Herald INI, XX, 1, Skopje, 107–120]. (in Macedonian).
Маразов, Иван. (2009). Хубавата Елена, София : Захарий Стојанов. [Marazov, Ivan. (2009). The Beautiful Elena, Sofia: Zahariy Stojanov]. (in Bulgarian).
Михайлова, Ганка. (1996). Паунът и неговото перо., Българска етнология, XXII, кн.1, София : БАН, 3-38. [Mihailova, Ganka. (1996). The peacock and its feather, Bulgarian ethnology, XXII, volume 1, Sofia : BAN, 3–38]. (in Bulgarian).
Николова, М. (1983). Народни носии от Видински окръг, София. [Nikolova, M. (1983). Folk costumes from the Vidin district, Sofia]. (In Bulgarian).
Обремски, Јозеф. (2001). Фолклорни и етногрфски материјали од Порече, кн. 1, составиле: Танас Вражиновски, Соња Јовановска и Владимир Караџоски, Скопје – Прилеп: Институт за старословенска култура – Прилеп и Матица Македонска – Скопје . [Obremski, Josef. (2001). Folklore and ethnographic materials from Poreče, vol. 1, compiled by: Tanas Vražinovski, Sonja Jovanovska and Vladimir Karadžoski, Skopje – Prilep: Institute for Old Slavic Culture – Prilep and Matica Makedonska – Skopje]. (in Macedonian).
Радовановић, В. С. (1936). Народна ношња у Маријову, Гласник скопског научног друштва, књ. XV–XVI, Скопље, 127–208. [Radovanovich, V. S. (1936). Folk costumes in Mariovu, Herald of the Skopje Scientific Society, vol. XV–XVI, Skopje, 127–208]. (in Serbian).
Раичевић, С. (1930). Народна ношња у Скопској Црној Гори, Гласник скопског научног друштва, књ. VII– VIII, Скопље, 347–368. [Raičevich, S. (1930) Folk costumes in Skopskoi Chernoi Gori, Herald of the Skopje Scientific Society, vol. VII–VIII, Skopje, 347–368]. (in Serbian).
Ристовска Пиличкова, Јасминка. (2021). Симболиката на зооморфните мотиви во макеоднската традиционална текстилна орнаментика, Скопје : Институт за фолклор Марко Цепенков. [Ristovska Pilichkova, Jasminka. (2021). The symbolism of zoomorphic motifs in Macedonian traditional textile ornamentation Skopje: Institute of Folklore Marko Cepenkov]. (in Macedonian).
Тресидер, Џек. (2001). Речник на симболи, Скопје : ТРИ. [Tressider, Jack. (2001) Dictionary of symbols, Skopje : TRI]. (in Macedonian).
Цветковиќ - Томашевиќ Г. (1984). Хераклеја-Уметничкото богатство на Македонија, Скопје: Македонска книга, 72–83. [Cvetkovič - Tomasevič G. (1984). Heraklea – The artistic treasure of Macedonia, Skopje: Macedonian Book, 72–83]. (in Macedonian).
Авторски права (c) 2022 Jasminka Ristovska Pilickova
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.