ДЕШИФРИРАЊЕ И КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ КНИЖЕВНИ ПСЕВДОНИМИ
Апстракт
Во трудот се осврнуваме на прашањето за псевдонимноста во македонската книжевност. Ние се задржуваме на процесот на собирање, анализирање и синтетизирање на непотпишани дела или потпишани со скриени имиња, иницијали, графиски знаци и сл. Притоа, нив ги категоризираме во повеќе групи (криптоними, којноними или колективни псевдоними, тропоними, латинизми, фиктоними итн.) Овие наши согледувања ги изнесуваме како пример за можностите за понатамошни истражувања на полето на псевдонимноста, но и како потреба за разјаснување на потребите и начините да се пишува со затскриено име. Изнесеното го сметаме за важна основа и за давање увид за комплексноста на прашањето за македонските книжевни псевдоними.
Downloads
Референци
Бързовецъ. (1910). „Къмъ селчане отъ Рѣка“. Дебърски гласъ, 25. [Brzovec. (1910). Towards Selchans of Reka. Debrski glas, 25]. (In Bulgarian).
Грѫдовянинъ. (1897). „Критика“. Новини, 2. [Grondovyanin. (1897). Criticism. Novini, 2]. (In Bulgarian).
Ковилоски, Славчо. (2021). Псевдонимите и анонимите во македонската книжевност од XIX век“. Спектар, 77. Скопје: Институт за македонска литература [Koviloski, Slavcho. (2021). Pseudonyms and Anonyms in Macedonian Literature in the 19th century. Spektar, 77. Skopje: Institute of Macedonian Literature] (In Macedonian.)
Масанов, И. Ф. (1956). Словарь псевдонимов русских пи¬са¬те¬лей, учен ых общественных деятелей, в четырех томах. Москва: Издательство Всесо¬юз¬ной книжной палаты [Masanov, I.F. (1956). Dictionary of Pseudonyms of Russian Writers, Scientists and Public Figures, in four volumes. Moscow] (In Russian.)
Майковъ, Г. (1894а). „Дописки“. Новини, 24. [Maikov, G. (1894a). Letters. Novini, 24]. (In Bulgarian).
Майковъ, Гйорги. (1894б). „Дописки“. Новини, 43. [Maikov, Giorgi (1894b). Letters. Novini, 43]. (In Bulgarian).
Миронска-Христовска, Валентина. (2004). Литературното дело на Евтим Спространов. Скопје: ИМЛ. [Mironska-Hristovska, Valentina. (2004). The Literary Work of Evtim Sprostranov. Skopje: IML] (In Macedonian.)
Поленаковиќ, Харалампие. (1973). Во екот на народното будење. Скопје: Мисла. [Polenakovic, Haralampie. (1973). In the Heat of the National Awakening. Skopje: Misla] (In Macedonian.)
Поплазаров, Ристо. (1974). „Тетовските паши - труд на Ѓорче Петров“. Гласник на Институтот за национална историја, 1. Скопје. [Poplazarov, Risto. (1974). Pashas of Tetovo – work by Gjorce Petrov. Review of Institute of National History, 1. Skopje] (In Macedonian.)
Рацин, Кочо Солев. (1987). Проза и публицистика. Избор, редакција и предговор Васил Тоциновски. Скопје: Наша книга. [Racin, Kocho Solev. (1987). Prose and Journalism. Selection, Editorial and Preface Vasil Tocinovski. Skopje: Nasha kniga] (In Macedonian.)
Ристовски, Блаже. (1982). Појави и профили, 2. Скопје: Студентски збор. [Ristovski, Blazhe. (1982). Manifestations and profiles, 2. Skopje: Studentski zbor] (In Macedonian.)
Ристовски, Блаже. (2009). Димитрија Чуповски и македонската национална свест. Скопје: Плус продукција. [Ristovski, Blazhe. (2009). Dimitri Cupovski and Macedonian National Consciousness. Skopje: Plus produkcija] (In Macedonian.)
Спасов, Александар. (1989). „Кој е автор на стихотворбата ‘Глас од далека землја’?“. Македонска поезија, XIX век. Скопје: Македонска книга. [Spasov, Aleksandar. (1989). “Who’s the Author of the Poem ‘A Voice From a Faraway Land’?”. Macedonian Poetry, 19th century. Skopje: Makedonska kniga] (In Macedonian.)
Тодоровски, Гане. (1968). Претходниците на Мисирков. Скопје: Мисла. [Todorovski, Gane. (1968). The Predecessors of Misirkov. Skopje: Misla] (In Macedonian.)
Тоциновски, Васил. (2007). Златниот клас. Скопје. [Tocinovski, Vasil. (2007). The Golden Wheat Spike. Skopje] (In Macedonian.)
Тоциновски, Васил. (2010). Предвесници. Скопје: Академски печат. [Tocinovski, Vasil. (2010). The Heralds. Skopje: Akademski pechat] (In Macedonian.)
Тр-въ, Г. (1894в). „Дописки“. Новини, 67. [Tr-v, G. (1894v). Letters. Novini, 67]. (In Bulgarian).
Я-ва, Е. (1898). „Дописки“. Новини, 73. [Y-va, E. (1898). Letters. Novini, 73]. (In Bulgarian).
Авторски права (c) 2022 Slavcho Koviloski
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.