РЕЛАЦИЈАТА МЕЃУ ЧОВЕКОТ И ПРИРОДАТА ВО ТРАДИЦИЈАТА И ВО ФИЛМСКИОТ НАРАТИВ
Апстракт
Во фокусот на истражувањето е односот кон традиција и нејзиното влијаниеврз реалациијата што ја воспоставува човекот со својата околина. Тргнувајќи од истражувањето на медиумското презентирање на традицијата поврзана со празникот Водици се разгледува можноста преку уметничкиот израз да се влијае врз одност на човекот кон природата.Во текстот се осврнувам на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, кој го сметам за податлив, бидејќииако е базиран на вистински настан, гради своја приказна, која отвора голем број актуелни општествени прашања, кои се однесуваат како на минатото така и на сегашноста што ја живееме.Таквата поставеност на филмскиот наратив дава можност за различни читања, кои се однесуваат на прашањата штосе реферираат на односите на човекот со неговата околина. Во текстот, анализата е базирна на теоретските можности што ни ги даваат различните концепти на истражување и на толкување, кои се темелат врз етно-/екокултурна перспектива.
Downloads
Референци
Малинов, Зоранчо. (2006). Традицискиот народен календар на шопско-брегалничката етнографска целина. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. A review of: Malinov, Zorancho (2006). Tradiciskiot naroden calendar na šopsko-bragalničkata etnografska celina [The traditional folk calendar of Shop-Bregalnitsa etnografic entirety]. Skopje: Institut za folklore “Marko Cepenkov”. (In Macedonian.)
Мојсиева-Гушева, Јасмина. (2019). Екологијата како книжевна тема (врз македонски и хрватски примери). Durić D., Zubčić S. (ур.), Hrvatsko-makedonske književne, jezične i kulturne veze, Zbornik radova s Petoga međunarodnoga znanstvenoga skupa održana u Rijeci 6. i 7. listopada 2017 Sveučilište u Rijeci, Filozofski fakultet: Rijeka, 85-99. Mojsieva-Gusheva, Jasmina. 2019. Ekologijata kako kniževna tema (vrz makedonski i hrvatski primeri [Ecology as a literary topic (Macedonian – Croatian parallels)]. Hrvatsko-makedonske književne, jezične i kulturne veze, Zbornik radova s Petoga međunarodnoga znanstvenoga skupa održana u Rijeci 6. i 7. listopada 2017 Sveučilište u Rijeci, Filozofski fakultet: Rijeka, 85-99 p.. (In Macedonian.)
Паликрушева, Галаба. (1975). Кумството и побратимството на Свети Јован. Македонски фолклор, год. VIII, бр. 15-16, Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 65-73. A review of: Palikrusheva, Galaba. (1975). Kumstvoto i pobratimstvoto na Sveti Jovan [The godfather and brotherhood of Saint John]. Makedonski folklore, god. VIII, br.15-16, Skopje: Institut za folklore “Marko Cepenkov”, 65-73p. (In Macedonian.)
Петреска, Весна. (2014). Културно сеќавање и презентација на минатото преку религиско-обредната пракса. Македонски фолклор, бр. 69, Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 105-117. A review of: Petreska, Vesna. (2014). Kulturno sećavanje i prezentacija na minatoto preku religisko-obrednata praksa [Vesna Petreska, Cultural memory and presentation of the past through religious – ritual practice]. Makedonski folklore, god. XXXVI, br. 69, Skopje: Institut za folklore “Marko Cepenkov” 105-117 p.. (In Macedonian.)
Петреска, Весна. (2020). Ритуалното сродство во народната култура. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. A review of: Peterska, Vesna. (2020). Ritualnoto srodstvo vo narodnata kultura [Ritual kinship in folk culture]. Skopje: Institut za folklore “Marko Cepenkov”. (In Macedonian.)
Belaj, Vitomir. (1998). Hod kroz godinu. Mitska pozadina hrvatskih narodnih običaja i vjerovanja. Zagreb: Golden marketing.
Bordo, Susan. (2000). A feministacomo o outro. Revista Estudos Feministas, Centro de Filosofia e Ciências Humanas da UFSC, v. 8, n. 1, 10-29.
Butler, Judith P. (1990). Gender trouble. Feminism and the subversion of identity. New York, London: Routledge.
Creando, Mujeres. (2005) La virgen de los deseos. Buenos Aires: Tinta Limón.
Flores, Joaquin H. (2009). A (re)invenção dos direitoshumanos. Florianópolis: Fundação Boiteux,.
Koprek, Ivan. (1996). “Ekoetika” во Etika–priručnik jedne discipline, I.Čehok&I.Koprek (eds.), Zagreb : Školska knjiga, 186.
Lugones, María. (2014) Rumoa um feminism descolonial. Estudos Feministas, Florianópolis, v. 22, n. 3, p. 935-952.
Spretnak, Charlene. (1993). “Critical and Constructive Contributions of Ecofeminism.” In Worldviews and Ecology. Ed.Peter Tucker and Evelyn Grim, 181-189. Philadelphia: Bucknell Press.
Spretnak, Charlene. (1987) “Ecofeminism.” in Ecospiritvol.III N 2. http://home.moravian.edu/public/relig/ecospirit/issues/vol3no2.pdf
Radford Ruether, Rosemary, (2012). Ecofeminism – The Challenge to Theology https://www.unive.it/pag/fileadmin/user_upload/dipartimenti/DSLCC/documenti/DEP/numeri/n20/06_20_-Ruether_Ecofeminism.pdf
Velasco Sesma, Angélica. (2017). La Ética Animal. ¿Unacuestión feminista?. Madrid: Cátedra.
Авторски права (c) 2023 Katerina Petrovska Kuzmanova
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.