КЛЕТВИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ПРОЗА
Апстракт
Во македонското народно творештво клетвите заземаат значајно место. Тие се предмет на посебни истражувања, во кои се разгледуваат како едноставни форми, од различни аспекти, но факт е дека често се среќаваат и како составен дел и во легендите и во преданијата, како и во народните приказни, не само во дијалошки форми туку и во индиректен говор. Притоа, треба да се има предвид дека клетвите се одраз на народната психологија и на менталитетот на народот, и се јавуваат и како движечка сила на нарацијата. Оттаму, предмет на интерес се синтаксичките особености на клетвите во македонските народни приказни, пред сѐ, најчестите структури во кои се искажува желбата на учесниците во комуникацијата, која најчесто се искажува со да-конструкцијата, за која во македонскиот јазик се среќаваат и термините: субјунктив, оптатив-субјунктив, конјунктив (Минова-Ѓуркова 2000: 75)
Downloads
Референци
Austin, J.L., (1962). Speech acts.
Imbs, P., (1953). Le subjonctif en français moderne: essai de grammaire descriptive (Vol. 11). Faculté des lettres de l'Université de Strasbourg.
Бабамова, Ирина. (2014). „Семантичкo-функционалниот паралелизам помеѓу самостојна да-конструкцијата во македонскиот јазик и субјунктив (презент) во францускиот јазик“, Субјунктив со посебен осврт на македонските да-конструкции. Скопје: МАНУ. [Babamova, Irina. (2014). “Semantičko-funkcionalniot paralelizam pomegju samostojnata da-konstrukcija vo makedonskiot jazik i subjnktiv (present) vo francuskiot jazik”. Subjuntiv so poseben osvrt na makedonskite da-konstrukcii. Skopje: MANU] (In Macedonian)
Димовска, Кристина. (2017). Паремиолошките форми во херојската епика (низ примери од Беовулф, песна за Нибелунзите, Волсунга сага и Циклусот за Марко Крале), докторска дисертација, достапна на: https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/2022/04/Kristina-Dimovska_doktorska-disertacija.pdf [Dimovska, Kristina. (2017). Paremiološkite formi vo herojskata epika (niz primeri od Beovulf, pesna za Nibelunzite, Bolsunda saga i Ciklusot za Marko Krale), PdD dissertation, available at: https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/2022/04/Kristina-Dimovska_doktorska-disertacija.pdf] (In Macedonian)
Китевски, Марко. (1997). Македонски народни клетви. Скопје: Штрк. [Kitevski, Marko. (1997). Makedonski narodni kletvi. Skopje: Štrk.] (In Macedonian)
Конески, Блаже. (2021). Светот на песната и легендата. Целокупни дела на Блаже Конески, Критичко издание во редакција на Милан Ѓурчинов, приредил Милан Ѓурчинов, соработник Бобан Карапејовски. Скопје: МАНУ. [Koneski, Blaže. (2021). Svetot na pesnata i legendata, Celokupni dela na Blaže Koneski, Kriticko izdanie vo redakcija na Milan Gjurcinov, priredil Milan Gjurcinov, sorabotnik Boban Karapejovski. Skopje: MANU] (In Macedonian)
Конески, Блаже. (2021). Граматика на македонскиот литературен јазик. Целокупни дела на Блаже Конески, Критичко издание во редакција на Катица Ќулавкова, приредиле: Елена Петроска, Станислава-Сташа Тофоска, соработник: Бобан Карапејовски, Скопје: МАНУ. [Koneski, Blaže. (2021). Gramatika na makedonskiot literaturen jazik, Celokupni dela na Blaže Koneski, Kriticko izdanie vo redakcija Katica Kjulavkova, priredile: Elena Petroska, Stanislava-Staša Tofoska, sorabotnik Boban Karapejovski, Skopje: MANU] (In Macedonian)
Минова-Ѓуркова, Лилјана. (2019). „Македонските благослови и клетви“, Лингвистички студии за македонскиот јазик. Том Граматика, синтакса и стилистика на македонскиот јазик, 577-587. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“. [Minova-Gjurkova, Liljana. (2019). “Makedonskite blagoslovi i kletvi”, Lingvisticki studii za makedonskiot jazik, Tom Gramatika, sintaksa i stilistika na makedonkiot jazik. 577-587. Skopje: Filološki fakultet “Blaže Koneski”] (In Macedonian)
Петреска, Весна. (2012). „Клетвата во македонската традиционална култура“, Poznańskie studia slawistyczne, 129–143. [Petreska, Vesna. (2012). “Kletvata vo makedonskata tradicionalna kultura”, Poznańskie studia slawistyczne, 129–143] (In Macedonian)
Тополињска, Зузана. (1995). Македонските дијалекти во Егејска Македонија, Книга прва, синтакса I дел. Cкопје: МАНУ. [Topolinjska, Zuzana. (1995). Makedonskite dijalekti vo Egejska Makedonija, Kniga prva, sintaksa I del. Skopje: MANU.] (In Macedonian)
Верковиќ. Стефан И. (1985). Македонски народни умотворби, книга четврта. Јужномакедонски приказни. Скопје: Македонска книга. [Verkovikj, Stefan I. (1995). Makedonski narodni umotvorbi, kniga četvrta. Južnomakedonski prikazni. Skopje: Makedonska kniga] (In Macedonian)
Цепенков, Марко. (1954). Сказни и сторенија, редактирал Блаже Конески. Скопје: Книгоиздавателство: „Кочо Рацин“. [Cepenkov, Marko. (1954). Skazni i storenija, redaktiral Blazhe Koneski. Skopje: Knigoizdavatelstvo “Kočo Racin”.] (In Macedonian)
Цепенков, Марко. (1972). Народни приказни, легенди, редакција: Кирил Пенушлиски, соработник Блаже Конески. СКопје: Македонска книга. (Cepenkov, Marko. (1972). Narodni prikazni, legendi, redakcija Kiril Penušliski, sorabotnik Blaže Koneski. Skopje: Makedonska kniga.] (In Macedonian)
Пенушлиски, Кирил. (1969). Преданија и легенди. Скопје: Македонска книга. [Penušliski, Kiril. (1969). Predanija i legendi. Skopje: Makedonska kniga.] (In Macedonian)
Спространов, Евтим. (1896). Сборник за народни умотворения. Софија. [Sprostranov, Evtim. (1896). Sbornik za narodni umotvorenija. Sofija] (In Macedonian)
Авторски права (c) 2023 Маrija Pandeva
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.