МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ИСТОРИСКИТЕ ПРОУЧУВАЊА
Апстракт
Истражувањата на идентитетот претставуваат комплексен потфат, којшто претпоставува разгледувања на многу аспекти од колективниот и од индивидуалниот развиток. Со оглед на комплексноста и сеопфатноста на темата, во оваа пригода се фокусираме на македонскиот идентитет и формите на историските проучувања, земајќи ги предвид почетоците на македонската историографија, нејзиниот неинституционален и институционален развиток.
Downloads
Референци
Андонов-Полјански, Христо. 1973. Кочо Рацин како историограф. In: Гласник. XVII. 3. Скопје, 63-74.
Асман, Ян. 2001. Културната памет. Писменост, памет и политическа идентичност в ранните високоразвити култури. Превод от немски език Ана Димова. София.
Barnes, Harry Elmer. 1962. A History of Historical Writing. Second Revised Edition. New York.
Berger, Stefan, Lorenz, Chris. 2006. National Narratives and Their ‘Other’: Ethnicity, Class, Religion and the Gendering of National Histories. In: Storia della Storiografia. 50. Pisa-Roma, 59-98.
Vankovska, Biljana. 2007. The Role of the Ohrid Framework Agreement and the Peace Process in Macedonia. In: Regional Cooperation, Peace Enforcement, and the Role of the Treaties in the Balkans. Stefano Bianchini et al (eds.). Ravenna. Longo Editore Ravenna, 41-63.
Вражиновски, Танас. 1999. Народните претстави за Македонија и Македонците во историските преданија. In: Македонија: Прашања од историјата и културата. Скопје, 273–286.
Вражиновски, Танас. 2006. Александар Македонски во ‘Славјанско-македонската општа историја’ од Ѓорѓија М. Пулевски. In: Предавања на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. XXXIX. Скопје, 205–218.
Вражиновски, Танас. 2008. Преданието – меморија на народната историја. In: Интерпретации. Европски истражувачки проект за поетика и херменевтика. Меморија и интерпретација. Катица Ќулавкова (ed.). Скопје.
Gaber, Viktor. 2009. Recognition and Denial. Greece and Macedonians after Versailles. Skopje.
Geary, Patrick. J. 2003. The Myth of Nations. The Medieval Origins of Europe. Princeton and Oxford.
Гелнър, Ърнест. 1999. Нации и национализъм. Превод от английски Ивелина Ватова, Албена Знеполска, София.
Гуринова, О. Н. 2015. Македонский вопрос в международых отношениях 1913-1920 гг. Харков, 7-16.
Danforth, Loring M. 2010. Ancient Macedonia, Alexander the Great and the Star or Sun of Vergina: National Symbols and the Conflict between Greece and the Republic of Macedonia. In: A Companion to Ancient Macedonia. Joseph Roisman and Ian Worthington (eds.). Blackwell Publishing Ltd, 572-598.
Danforth, Loring M., Boeschoten, Riki Van. 2012. Children of the Greek Civil War. Refugees and the Politics of Memory. Chicago and London.
Димова, Лидија. 2001. Коментар за преводот на рамковниот договор. In: Перспективите на Рамковниот договор. Можно видување за платформа за акција на НВО секторот во Македонија“. Славица Инџевска (уред.). Институт отворено општество. Скопје, 27-28.
Димовъ, Н. Д. 1913. Глава I. Историческій очеркъ Македоніи и македонскихъ славянъ. Глава II. Причины возникновения четническаго движенія въ Македоніи. Глава III. Политическій обзоръ Македонии и македонцевъ. Докладъ, прочитанный въ С.-Петербургскомъ Славянсгкомъ благотворительномъ Обществø 8 февраля 1913 года. С.-Петербургъ.
Ѓоргиев, Драги. 2004. Исламизацијата во македонско-албанскиот граничен појас во XV и XVI век. In: Историја. ХХХХ. 1-2. Скопје, 71-76.
Ѓурчинов, Милан. 1999. Балканскиот културен плурализам и двојната припадност на македонските писатели од XIX век. In: Македонија: Прашања од историјата и културата. Скопје, 137-147.
Јотевски, Васил. 2007. 55 години на Сојузот на историчарите на Република Македонија. In: Историја, историографија и настава по историја. Билјана Ристовска-Јосифовска (ed.). Скопје, 17-25.
Јурукова, Нада. 2003. Културно-просветни појави и процеси во Македонија (1944-1953). Скопје.
Karolewski, Ireneusz Paweł, Suszycki, Andrzej Marcin 2011. The Nation and Nationalism in Europe. An Introduction. Edinburgh.
Конески, Блаже. 1986. Македонскиот XIX век. Јазични и книжевно-историски прилози. Скопје.
Лиманоски, Нијази. 1984. Исламизацијата и етничките промени во Македонија. In: Македонци муслимани. Скопје, 12–61.
Македонска енциклопедија. 2009. I-II. Скопје.
Македонски албум. Документи од и за Македонското научно-литературно другарство и Македонската колонија во С.-Петербург. 2014. Macedonian Album. Documents from and about the Macedonian Scientific and Literary Society and the Macedonian Colony in St. Petersburg. Блаже Ристовски, Билјана Ристовска-Јосифовска (eds.). Скопје. Skopje. + CD.
Македонските бегалци во Полска. 2008. Проблеми на воспитанието и образованието на децата и на младината. Документи 1948-1975. Macedońscy uchodźcy w Polsce. Zagadnienia wychowania i ksztaŀcenia dzieci i mŀodzieży. Dokumenty 1948-1975. д-р Петре Наковски (ed.). I. Скопје.
Матковски, Александар. 1983. Македонскиот полк во Украина. Скопје.
Миронска-Христовска, Валентина. 2005. Просветителството во Македонија. Скопје.
Misirkov, Krste P. 2003. On Macedonian Matters. On the Occasion of the Hundredth Anniversary of the Publication of the Book, Blaže Ristovski (ed.). Alan McConnell (translator), Graham W. Reid (English translation ed.). Skopje.
Mladenovska-Ristovska, Katerina. 2013. The Alexander Romance in the Macedonian Tradition. In: Macedonia: Land, Region, Borderland. Jolanta Sujecka (ed.). Warsaw. 237-253.
Перспективите на Рамковниот договор. Можно видување за платформа за акција на НВО секторот во Македонија. 2001. Славица Инџевска (уред.). Институт отворено општество. Скопје.
Поповска, Драгица. 2015. Споменикот, меморијата и идентитетот. Скопје.
Проева, Наде. 1997. Студии за античките Македонци. Скопје.
Пулевски, Ѓоргија М. 2003. Славјанско-маќедонска општа историjа. Ред: Блаже Ристовски, Билјана Ристовска-Јосифовска. Скопје.
Ристовска-Јосифовска, Билјана. 2008. Ѓорѓија М. Пулевски како револуционер и културно-национален деец. Скопје.
Ристовска-Јосифовска, Билјана. 2010. Македонската Александрида од XIX век – специфичен израз на националниот идентитет. In: Македонскиот идентитет низ историјата. Скопје, 273-282.
Ристовски, Блаже. 1978. Димитрија Чуповски (1878-1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград. II. Скопје.
Ристовски, Блаже. 2001. Сознајби за јазикот, литературата и нацијата. Скопје.
Ристовски, Блаже. 2001a. Столетија на македонската свест. Истражувања за културно-националниот развиток. Скопје.
Ристовски, Блаже. 2008. Првобитното име на Самуиловото Царство било Склавинија? In: Македонскиот идентитет низ историјата. Скопје, 67-72.
Ристовски, Блаже. 2015. Македонската кауза. 10. Скопје.
Ristovski, Blaže. 1999. Macedonia and the Macedonian People. Vienna-Skopje.
Rossos, Andrew. 2008. Macedonia and Macedonians. A History. Stanford.
Сидоровска-Чуповска, Силвана. 2009. Просветно-културните прилики во Македонија во 19 век. Скопје.
Симовски, Тодор. Христов. 1998. Населените места во Егејска Македонија. I. Скопје.
Старделов, Георги 1999. Нациите на Балканскиот историски контекст некогаш и денес (Македонско искуство). In: Македонија: Прашања од историјата и културата. Скопје, 57–64.
Stefoska, Irena. 2013. Nation, Education and Historiographic Narratives: The Case of the Socialist Republic of Macedonia (1945-1990). In: The Ambiguous Nation. Case Studies from Souteastern Europein the 20th Century. Ulf Brunnbauer and Hannes Grandits (eds.), München, 195-229.
Тодоровски, Гане. 1997. Поглед кон литературните прилози во списанието „Македонский голос“ 1913/14 г. – орган на приврзаниците на независна Македонија во Петроград. In: Македонското научно-литературно другарство и неговиот континуитет до основањето на Македонската академија на науките и уметностите. Скопје, 155-162.
Trifunoski, Jovan. 1988. Albansko stanovništvo u Makedoniji, Beograd.
Hobsbawm, Eric. J. 1992. Nations and Nationalism since 1780. Programem, Myth, Reality. Cambridge.
Шукарова, Анета. 2008. Меморијата и идентитетот. In: Мекедонскиот идентитет низ историјата. Скопје, 35-42.
White, Hayden. 1973. The Historical Imagination in Nineteenth-Century Europe. Baltimore & London.
40 години Институт за национална историја 1948-1988. 1978. Скопје.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.