ЖИТОТО, ЛЕБОТ И БРАШНОТО ВО ОБИЧАИТЕ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ: ПАРАЛЕЛИ СО ПОДОЦНЕЖНАТА МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈА
Апстракт
Житото, лебот и брашното имале особено значајна улога во обичаите на античките Македонци. Во врска со преданието за основањето на Македонското Кралство се наведува волшебното („двојно“) нараснување на лебот на Пердика, првиот македонски крал од династијата на Аргеадите. Во изворите е забележан пример за користење на брашното за одбележување на границите на нов град при неговото основање. Имено, на тој начин било означено втемелувањето на славната Александрија во Египет, каде што тлоцртот на градот, кој имал облик на хламида, бил исцртан со брашно од јачмен. Исто така, во врска со свадбата на Александар III Македонски и Роксана, опишан е македонскиот свадбен обичај на сечење леб со меч. Текстот се занимава со анализа на овие фрагменти, кои иако се малубројни, ја потврдуваат светата симболика на житото, лебот и брашното кај античките Македонци. Траги од оваа симболика среќаваме и денес во современата традиција, кои меѓу другото ни овозможуваат и подлабоко да навлеземе во суштината на овие обичаи.
Downloads
Референци
Clarendon Press: Oxford.
Arrianus. 1907. Anabasis. Ed. A. G. Roos. Lipsiae.
Athenaeus. 1887. Naucratitae Dipnosophistarum. Libri XV. Recensunt Kaibel. G.
Vol I–III. Teubner.
Demosthenes. 1966. Orationes. Recognovit brevique adnotatione ctitica instruxit S. H. Butcher. Clarendon Press: Oxford.
Galenus. 1633. De alimentorum facultatibus. Libri III. Ex Martine Gregorii
interpretatione. Apud Asingam de Fries in Lugduni Batavorum.
Plinius. 1897-1933. Naturalis Historia. Ed. Jan-Mayhoff. 5 vol. Teubner: Leipzig.
Renard, M. – Servais, J. 1955. A propos du mariage d’Alexandre et de Roxane.
L’antiquité classique. Vol. 24. 29-50.
Strabo. 1895–1913. Geographica. Ed. A. Meineke. T. I–III. Lipsiae.
Theophrastus. 1529. Theodoro Gaza interprete. Ex officina Chrestien Wechel.
Българска митология. 1994. Енциклопедичен речник. Съставител Анани
Стойнев. София.
Бошначки, Иван. 1972. Кон свадбените обреди, игри и песни во Малешево.
Македонски фолклор. 9-10. Скопје. 141-151.
Верковиќ, Стефан И. 1985. Македонски народни умотворби. Кн. 5. Фолклорни
и етнографски материјали. Подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски.
Македонска книга: Скопје.
Јовановска, Соња. 2000. Брашно. Во: Речник на народната митологија на
Македонците. Редактор Танас Вражиновски. Институт за старословенска
култура–Прилеп и Книгоиздателство Матица македонска–Скопје:
Прилеп – Скопје.
Јовановска, Соња. 2000. Обреден леб. Во: Речник на народната митологија на
Македонците. Редактор Танас Вражиновски. Институт за старословенска
култура–Прилеп и Книгоиздателство Матица македонска–Скопје:
Прилеп – Скопје.
Кличкова, Вера. – Георгиева, Милица. 1965. Свадбените обичаи од селото
Галичник-Дебарско. Гласник на Етнолошкиот музеј. Скопје. 95-187.
Лисицына, Г. Н. – Филипович, Л. А. 1980. Палеоэтноботанические находки на
Балканском полуострове. Studia Prachistorica. 4. София.
Миладиновци. 1962. Зборник 1861-1961. Кочо Рацин: Скопје.
Младеновска-Ристовска, Катерина. 2012. Преданието за основањето на
Македонското Кралство. Филолошки студии. том I. Скопје-Перм-ЉубљанаЗагреб. 11-25.
Плутарх. 2008. Напоредни животописи. Ликови од историјата на древна
Македонија. Превод од строгрчки: Војислав Саракински. Коментари
Наде Проева. Евро Балкан прес: Скопје.
Проева, Наде. 2004. Историја на Аргеадите. Historia Antiqua Macedonica. Кн.
8. Скопје.
Раптис, Михалис. 1977. Свадбени обичаи и песни, Фолклорот на јановенските
села во Костурско. Институт за фолклор „Марко Цепенков“: Скопје.
Ристески, Љупчо С. 1999. Посмртниот обреден комплекс на традициската
култура на Мариово. Институт за старословенска култура: Прилеп.
Руф, Квинт Куртиј. 1998. Историја на Александар Македонски. Книги I–X.
Превод од латински јазик Љубинка Басотова. Патрија: Скопје.
Светиева, Анета. 1990. Ѓурѓовденски обредни лебови во Македонија и нивната
функција во обичаите и верувањата. Македонски фолклор. 46. Скопје. 13-
25.
Светиева, Анета. 1997. Обредните лебови за Бадник – вовед во сакралното. Етнолог. 7-8. Скопје. 167-174.
Тановић, Стефан. 1927. Српски народни обичаји у Ѣевђелијској Кази. Српски
етнографски зборник, Живот и обичаји народни. Књ. XL. Књ. 16.
Етнографски институт. Српска краљевска академија: Београд-Земун.
Филиповић, Миленко. 1939. Обичаји и веровања у Скопској Котлини. Српски
етнографски зборник. Живот и обичаји народни. Књ. LIV. Књ. 24. Том 1.
Етнографски институт. Српска краљевска академија: Београд.
Херодот. 1998. Историја. Превод, предговор и белешки Даница Чадиковска.
Зумпрес: Скопје.
Цепенков, Марко К. 1972. Македонски народни умотворби. Кн. 10.
Македонска книга: Скопје.
Џимревски, Боривоје. 1972. Свадбени обреди и песни во с. Брезно (Тетовско).
Македонски фолклор. 9-10. Скопје. 189-200.
Шапкарев, Кузман А. 1976. Избрани дела, Мисла: Скопје.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.