ФИКЦИОНАЛНИОТ НАСПРЕМА ИСТОРИСКИОТ КРАЛЕ МАРКО ВО ИЗБОР БАЛКАНСКИ ЕПСКИ ПЕСНИ
Апстракт
Истражувачкиот труд за своја основа ја има категоријата на епскиот јунак, согледана во избор балкански епски песни посветени на Крале Марко. Целта е да се укаже на различните книжевни контексти во кои се среќава епската репрезентација на историскиот Марко и да се направи обид да се појасни причината за варијантноста на ист мотив на типизираниот лик на Крале Марко во избор српски, хрватски, бугарски и македонски епски песни. Истражувањето ја ползува категоријата на епскиот Марко како типизиран епски јунак, за да дојде до сознанија за популарноста и за распространетоста на неговата појава кај различните балкански народи, а дискурсот се движи главно меѓу половите на книжевното и историското, на фактичкото и фикциското, во обидот за давање што поконкретни одговори на разгледуваните дилеми.
Downloads
Референци
Банашевић, Никола. 1935. Циклус Марка Кралевића и одијеци францускоталијанске витешке књижевности, Скопље.
Верковиќ, Стефан И. 1985a. Фолклорни и етнографски материјали. Книга
петта. Ред. Кирил Пенушлиски, Скопје.
_________. 1985б. Македонски народни умотворби-Јуначки и трпезариски
песни. Kнига трета. Ред. Кирил Пенушлиски, Скопје.
Германов, Андреј (ред.). 1982. Крали Марко. Бьлгарски юнашки епос в
тридесет и три песни, Софија.
Деретић, Јован. 1995. Загонетка Марка Краљевића – О природи историчности
у српској народној епици, Београд.
Димитровски, Тодор. (прев.). 2002. Слово за походот Игорев, Скопје
Иванова, Радост. 1992. Епос-обред-мит, София.
Лотман, Јуриј. 2005. Структурата на уметничкиот текст, прев. Ефтим
Манев, Скопје.
Мелетински, Елеазар М. 2002. Поетика на митот, Скопје.
Миладинов, Димитар и Миладинов Костантин. 1962. Зборник 1861 – 1961,
Скопје.
Муртезани, Изаим. 2006. Митски елементи во албанскиот јуначки епос и
балада, Скопје.
Органџиева, Цветанка. 1972. Осврт врз изучувањата на настанувањето и
развитокот на јужнословенската епика до 1920 година, Скопје.
Пенушлиски, Кирил. 1979. Дијалог за Марко Крале, Скопје.
_________. 1988. Одбрани фолклорни трудови. Книга три, Скопје.
_________. 2005. Марко Крале и Болен Дојчин, Скопје.
Петровски, Блаже. 1992. Трансформирањето, распаѓањето и современата
состојба на македонскиот јуначки епос, Скопје.
Ристовски, Блаже. 1997. Крсте Мисирков за историскиот и фолклорниот лик
на Крале Марко. XXIII Научна дискусија на XXI Меѓународен симпозиум за
македонски јазик, Скопје.
Романска, Цветана. 1971. Български юнашки епос. Сборник за народни
умотворения и народопис, София.
Саздов, Томе. 1986. Фолклористички студии, Скопје.
Симитчиев, Коле. 1981. Марко Крале во македонската народна епика (во споредба со српски и бугарски мотиви), Скопје.
Стојановиќ-Лафазановска, Лидија. 2009. Херои-антихерои. Во Kulavkova, K.
(ed.) Interpretations: ERPH, Black Arab as a Figure of Memory. Vol. 3, Skopje.
Ќулавкова, Катица. 1997. Тетратки, Скопје.
Шапкарев, Кузман А. 1976. Избрани дела. Tом први. Прир. Томе Саздов. Скопје.
Латинични изданија:
Bakhtin, Mikhail. 1981. The dialogic imagination, Austin.
Campbell, Joseph. 1960. The masks of god: Primitive mythology, vol. 1, London.
_________. 1968. The masks of god: Creative mythology, vol. 4, London.
_________. 1993 [1969]. The hero with a thousand faces, London.
Čubelić, Tvrdko. 1970. Epske narodne pjesme, Zagreb.
Dumézil, Georges. 1970. The destiny of the warrior, Chicago.
Greenfield, Stanley. B. (trans.) 1982. A readable Beowulf: the old English epic
newly translated. Introduction by Alain Renoir, Carbondale and Edwardsville.
Hainsworth, Ј. B. & Hatto, Arthur Thomas (eds.) 1989. Traditions of heroic and
epic poetry: characteristics and techniques, London.
Huizinga, Johan. 1992. Homo Ludens: o podrijetlu culture u igri, Zagreb.
Kulavkova, Katica. 2009 (ed.) An arabesque for the Black Arab, Bolen Dojcin and
White Angelina. A preface to: Interpretations, Black Arab as a figure of memory,
Skopje.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.