Philological Studies Vol.13 No.2 2015

Почитувани,

Списанието Филолошки студии за прв пат оваа година го подготвува и го издава Институтот за книжевност и уметност од Белград. И натаму продолжува добрата практика на регионална и на меѓународна соработка, затоа што хуманистичките науки и по дефиниција упатуваат на широки погледи и интердисциплинарност. Задржани се истите рубрики од претходните годишта, со тоа што оваа година списанието за прв пат излегува во два броја.
Им се заблагодаруваме на соработниците од: Русија, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Естонија, Украина и Србија за нивните прилози, кои, преку различни методолошки приоди, ги расветлуваат феномените на традиционалната и современа култура, како и на авторите на приказите на: одделни книги, зборници и конференции, затоа што овој вид академско ангажирање е неопходен за да допрат информациите за најновите истражувања до широката научна јавност.

Објавено: 2015-11-01

Рецензии и информации