ВКРСТЕНА ИГРА НА МЕМОРИЈАТА И ПИСАТЕЛСКАТА ФАНТАЗИЈА
Сажетак
Според теоријата на интертекстуалноста, меморијата е облик на проектирање на културата во книжевноста. Културата не е ништо друго туку другото лице на историјата. Историјата претставува минато, а меморијата е вечна сегашност или современо минато. Меморијата се храни со живите и активни сеќавања кои нè поттикнуваат на акција. Секое сеќавање ни помага да ја согледаме современоста која добива смисла т.е. вистинско место меѓу минатото и иднината. Повод за овој текст е сеќавањето на Моравската мисија т.е. јубилејот 1150 години од таа мисија и во името на незаборавот што таа мисија ни/ми го донесе како дел од големото словенско племе. А вистинска потврда за една вкрстена игра на меморијата и писателската фантазија е романот „Азбука за непослушните“ (1994) на Венко Андоновски. Во него Андоновски, преку приказната ситуирана во далечната 863 година, во манастирот Полихронос на Олимп, Мала Азија, води една затскриена филозофска дебата во која прашањата му ги посочува директно на читателот и притоа го испитува, го прашува колку знае за себе, за сопствената историја, за Библијата, митологијата, фолклорот.
Downloads
Референце
Андоновски, Венко. 1998. Словенскиот ковчег. во Три драми. Култура: Скопје.
Вражиновски, Танас. 2000. Речник на народната митологија на Македонците.
Матица македонска: Скопје.
Караниколова, Луси. 2008. „Приказна(и) за судбините човечки“ („Кон
феномените ковчег и коњи во романот Азбука за непослушните од Венко
Андоновски и медитеранската приказна Коњите на Свети Марко од
Милорад Павиќ“). во Зборник на трудови. Европски универзитет: Скопје,
53-61.
Lachmann, Renate. 2002. Phantasia / Memoria / Rhetorica. Matica Hrvatska:
Zagreb.
Лотман, М. Јуриј. 2002. Семиосфера. Три: Скопје.
2001. Панонски легенди. Каприкорнус: Скопје.
Тресидер, Џек. 2001. Речник на симболи. Три: Скопје.
Ќулавкова, Ката. 2008. Дискурсот на меморијата и неговото толкување. во
Интерпретации, Европски проект за поетика и херменевтика; „Меморија и
интерпретација“. МАНУ: Скопје.
Угринова-Скаловска, Радмила. 1979. Старословенски јазик. Универзитет
„Кирил и Методиј“: Скопје.
Шелева, Елизабета. 2011. Дијалектика на паметењето и заборавот во
постмодерната епоха. во Културолошки есеи. Магор: Скопје.
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License