ВИЗАНТИСКИТЕ ХИМНОГРАФСКИ ЖАНРОВИ ОДРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНСКАТА СРЕДНОВЕКОВНА МУЗИЧКА И КНИЖЕВНА ТРАДИЦИЈА
Апстракт
Во македонската средновековна музичка и книжевна традиција дошло до интензивен одраз на византиските химнографски жанрови преку словенските преводи, преписите и при творечките компилации во т.н. оригинални словенски химнографски состави. Попрецизните структурни истражувања покажаа дека дури и при словенските преводи на византиската химнографија се одразувало своевидно авторизирање на византискиот образец, зашто преведувачот не бил во состојба до крај да ја приспособи изворната идентичност на версификацијата или на напевот од оригиналот во преводот, а особено доаѓало до нарушување на изворните акростихови во песните на каноните. Но и условно наречените оригинални химнографски творби воспевно, текстолошки и структурно биле составувани само како поддршка на византиското творечко клише, при што требало да ги одразуваат општохристијанските теолошки погледи и култни импресии.
Downloads
Референци
Асунто, Росарио. (1975). Теорија о лепом у средњем веку. Београд: Српска књижевна задруга [Assunto, Rosario. (1975). The Theory of the Beautiful in the Middle Ages. Beograd: Srpska književna zadruga]. (In Serbian.)
Георг Бек, Ханс. (1967). Путеви византијске книжевности. Предговор Димитрије Богдановић. Београд: Српска књижевна задруга [Georg Bek, Hans. (1967). Ways of Byzantine Literature. Predgovor Dimitrije Bogdanović. Beograd: Srpska književna zadruga]. (In Serbian.)
Јакимовска-Тошиќ, Маја. (2002). Оригиналните книжевни состави во македонскиот XV век. Скопје: Институт за македонска литература [Jakimovska-Tošić, Maja. (2002). The Original Literary Compositions in the Macedonian XV Century. Skopje: Institut za makedonska literature]. (In Macedonian.)
Кипријан, Архимандрит. (2003). Литургика са химнографијом и хеартологијом. Шибеник [Kiprijan, Аrhimandrit. (2003). Liturgy with Hymnography and Heartology. Šibenik]. (In Croatian.)
Коџабашија, Јане. (2018). Антологија на македонското црковно пеење. Скопје: Центар за византолошки студии [Kodžobašija, Jane. (2018). Anthology of Macedonian Church Singing. Skopje: Centar za vizantološki studii]. (In Macedonian.)
Кожухаров, Стефан. (2003). Служба. В: Петканова Донка (Съст.). Старобългарска литература. Енциклопедичен речник. Велико Търново: Абагар [Kožuharov, Stefan. (2003). Služba. In: Petkanova, Donka (Ed.). Old Bulgarian Literature. Encyclopedic Dictionary. Veliko Tărnovo: Abagar (In Bulgarian.)
Кожухаров, Стефан. (1976). За обема на понятието "старобългарска поезия". Литературна мисъл 7 [Kožuharov, Stefan. (1976). On the Scope of the Term "Old Bulgarian Poetry". Literaturna misăl 7]. 35-54. (In Bulgarian.)
Митевски, Витомир. (2018). Преглед на византиската книжевност. Скопје: Филозофски факултет [Mitevski, Vitomir. (2018) Review of Byzantine Literature. Skopje: Filozofski fakultet]. (In Macedonian.)
Охридски, св. Климент. (2008). Црковна поезија. Вовед, редакција и коментари Ѓорги Поп-Атанасов. Скопје: Менора [St. Clement of Ohrid. (2008). Church poetry. Introduction, redaction and comments by Ġorgi Pop-Atanasov. Skopje: Menora. (In Macedonian.)
Поп-Атанасов, Ѓорги. (2000). Октоихот во македонската книжевна традиција. Скопје: Институт за македонска литература. [Pop-Atanasov, Ġorgi. (2000). The octoich in the Macedonian literary tradition. Skopje: Institut za makedonska literatura]. (In Macedonian.)
Поп-Атанасов, Ѓорги. (1989). Речник на старата македонска литература. Скопје: Македонска книга [Pop-Atanasov, Ġorgi. (1989). Dictionary of the Old Macedonian Literature. Skopje: Makedonska kniga]. (In Macedonian.)
Поп-Атанасов, Ѓорги. (2007). Средновековна македонска химнографија. Скопје: Менора и Институт за македонска литература [Pop-Atanasov, Ġorgi. (2007). Medieval Macedonian hymnography. Skopje: Menora i Institut za makedoska literature]. (In Macedonian.)
Велев, Илија. (1996). Македонскиот книжевен XIV век. Скопје: Веда [Velev, Ilija. (1996). Macedonian Literature in XIV century. Skopje: Veda]. (In Macedonian.)
Велев, Илија. (2005). Византиско-македонски книжевни врски. Скопје [Velev, Ilija. (2005). Byzantine-Macedonian Literary Relations. Skopje]. (In Macedonian.)
Велев, Илија. (2006). Низ преминот на традицијата. Скопје: Дијалог [Velev, Ilija. (2006). Passing of Tradition. Skopje: Dijalog]. (In Macedonian.)
Велев, Илија. (2014). Историја на македонската книжевност, Т. 1. Средновековна книжевност. Скопје: Гирланда [Velev, Ilija. (2014). History of the Macedonian Medieval Literature, Vol. 1. Medieval literature. Skopje: Girlanda (In Macedonian.)
Авторски права (c) 2021 Ilija Velev
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.