МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ВО УСЛОВИ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА
Апстракт
Глобализацијата донесе нови услови на живеење како и нови политички и економски услови. Најзначајниот процес за Европа е на нејзиното обединување во Европска Унија. Новите членки при пристапувањето во неа мора да исполнат низа реформи во согласност со европските закони. Но, единствено, само Македонија за нејзиниот прием во ЕУ и НАТО мора да исполни уште еден услов - да си го смени своето уставно име како за надворешна така и за внатрешна употреба. Овој услов - спор за името - го наметна грчката политика која постави вето за прием на Р. Македонија во ЕУ и НАТО. Условите на глобализацијата кои фаворизираат право на самоопределба, право на почитување на другиот, заштита на идентитетите, всушност за македонскиот народ го постави условот - промена на името ако сакате да станете дел од демократска Европа. Но, останува прашањето - дали ова носи сигурност и просперитет или несигурност што може да доведе до промена на идентитетот.
Downloads
Референци
Гелнер, Ернест. 2001. Разум и култура, Скопје: Слово.
Георгиевски, Ташко. 1984. Луѓе и волци, Ѕидови, Црвениот коњ, Скопје: Мисла.
Георгиевски, Ташко. 1984. Змиски ветар, Црно семе, Време на молчење, Скопје: Мисла.
Георгиевски, Ташко. 1984. Рамна земја, Скопје: Мисла.
Георгиевски, Ташко. 2008. Исчезнување, Скопје: Матица македонска.
Георгиевски, Ташко. 2008. Црна билка, Скопје: Матица македонска.
в. „Време“, бр. 1425, 19. 07. 2008.
Гулапчев, Спиро. 1887. По етнографiята на Македонiя, Габрово.
Димевски, Славко; Поповски, Владо; Шкариќ, Светомир; Апостолски, Михајло. 1985. Македонската лига и уставот за државно уредување на Македонија 1880, Скопје: Мисла.
Демостен. 1995. Говори, превод од старoгрчки Даница Чадиковска, Скопје: Култура.
Ðordano, Kristijan. 2001. Ogledi o interkulturnoj komunikaciji. Beograd.
Žirarde, Raul. 2000. Politički mitovi i mitologija. Beograd: Plato.
Европа за Македонија (La Macédoine vue par l’Europe). 1991. Скопје: Министерство за информации на Р. Македонија.
Кар, Едвард Халет. 2001. Што е историјата?, Скопје: Слово.
Lakroa, Mišel. 2001. New Age, Ideologija novog doba, CLIO.
Миронска-Христовска, Валентина. 2012. Литературни студии за македонскиот идентитет/Literary Studies of Macedonian Identity. Скопје: ИМЛ.
Миронска-Христовска, Валентина. 2013. Преродбата и македонското национално прашање. Скопје: ИМЛ.
Оксфордска историја Грчке и хелинистичког света. 1999. Београд: CLIO.
Поповски, Владо. 2013. Руската и советската надворешна политика и македонското прашање. Скопје: Макавеј.
Prosperov Novak, Sloboda. 2009. Pričaj mi o Europi. Zagreb: Naklada LJEVAK d.o.o.
Senjobos, Šarl. 2013. Uporedna istorija evropskih naroda. Beograd: DERETA.
Тодоровски, Гане. 1995. Македонија културно наследство, „Македонија – вековита и непореклива“, Скопје: Мисла.
Umberto, Eko. 2001. Razgovor o kraju vremena. Beograd: Narodna knjiga / Alfa.
Херман, Луис Џудит. 2000. Траума и закрепнување. Скопје: Темлуп.
Хобсбаум, Е. Џ., 2015. Нациите и национализмот од 1780. Скопје: Арс студио.
Шеј, Џон. 2002. Македонија и Грција, битката за дефинирање на нова балканска нација, Скопје: Макавеј.
Šulce, Hagen. 2002. Država i nacija u evropskoj istoriji, Beograd: Filip Višnjić.
Šulce, Hagen. 2002. Država i nacija u evropskoj istoriji, Beograd: Filip Višnjić.
Шуман, Роберт. 2003. За Европа. Скопје: Круг.
ortos.wordpress.com/2008/09/19/текстот_од_сценариото_на_филмот_падо/. фильма „Гибель империи. Византийский урок“ с научными комментариями.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.