ЗА ИНИЦИЈАЛИТЕ ВО РАДОМИРОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ
Апстракт
Радомировото евангелие е најбогато илуминиран македонски ракопис од 13 век и според мотивот на орнаментите припаѓа во групата на ракописи со тератолошки (чудовиштен) стил, кој претставува специфична композиција составена од ленти и гранчиња што меѓу себе се испреплетуваат со чудовишни облици на диви животни и птици, чиишто краци се спојуваат во лентите, мајсторски исцртани, така што не се знае каде завршува фигурата, а каде почнуваат лентите. Орнаментот главно го сочинуваат заставките и декоративните дополнувања, додека буквите (иницијалите), вкупно 314, главно се изведени во тератолошки, плетеничен, а мал број во растителен стил.
Downloads
Референци
Буслаев, Фёдор, Иванович. 1917. Исторические очерки по русскому орнаменту по рукописях. Петроград: Издание отделения Русского языка и Словесности Академии Наук.
Васиљев, Љупка. 1988. Орнаментика Болоњског псалтира. Во Кирило- методиевскиот (старословенскиот) период и Кирило-методиевската традиција во Македонија. акад. Блаже Конески, акад. Божидар Видоески и акад. Петар Хр. Илиевски. Скопје: МАНУ. 225–231.
Джурова, Аксиния. 1981. 1000 години българска ръкописна книга. Орнамент и миниатюра. София: Издателство Септември.
Жуковская, Лидия, Петровна. 1974. Инициалы в древнерусских рукописных книгах. Во Русская речь, No 3. ред. Борковский В. И. и др. Москва: Наука. 108–121.
Карский. Евфимий, Фёдорович. 1979. Славянская кирилловская палеография. Москва: Наука.
Киселев Н. А. 1975. Из опыта классификации тератологических композиции в памятниках южнославянской и русской письменности XI–XIII вв. Во Зборник Карпато- Дунайские земли в средине века. ред. Гросул Я. С. Кишинев: АН СССР, Институт славяноведения и балканистили.
Кондаков Н. П. 1929. Очерки и заметки по истории средновековнаго искусства и культуры. Прага: Česká Akademie Věd.
Мошин, Владимир. 2009. Избрани дела, кн. VII. прир. д-р Ѓорѓи Поп-Атанасов. Скопје: Менора.
Райновъ, Николай. 1925. Орнаментъ и буква въ славянските ръкописи на Народната библиотека въ Пловдивъ. София: Държавна печатница.
Стасовъ, Владимиръ. 1884–1887. Славянский и восточный орнамент по рукописям древняго и новаго времени, II-III. С. Петрбург: Картографическое заведение А. А. Ильна.
Стасовъ, Владимиръ. 1884. Картини и композиции скрытыя въ заглавныхъ буквахъ древнихъ русскихъ рукописей. С.-Петербургъ: Типография М. М. Стасюлевича.
Стоянов, Маньо. 1973. Украса на славянските ръкописи в българия. София: Български художник.
Харисијадис, Мара. 1966. Грчко-словенски врски на подрачјето на македонската ракописна орнаментика. Словенска писменост, 1050-годишнина на Климент Охридски, Охрид: Народен музеј.111–128.
Щепкина, Марфа. Вячеславовна. 1974. Тератологический орнамент. Древнерусское искусство. Рукописная книга. Москва: Наука. 219–239.
Щепкин, Вячеслав. Николаевич. 1974. Руская палеография. Москва: Наука.
Щепкин, Вячеслав. Николаевич. 1906. Болонская псалтырь. С.-Петербургъ: Императорска академия Наукъ.
Radijčić, Svetozar. 1950. Stare srpske minijature. Beograd: Naučna knjiga.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.