УСВОЈУВАЊЕ НА ГРАМАТИЧКИТЕ КАТЕГОРИИ РОД, БРОЈ И ОПРЕДЕЛЕНОСТ КАЈ ИМЕНКИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД СТРАНА НА СТУДЕНТИТЕ – СЛАВИСТИ
Апстракт
При учењето македонски јазик како странски сметаме дека е од голема важност усвојувањето на граматичките категории кај именките, за што се определивме по овој повод. Во план е да бидат анализирани одговорите од вежбите поврзани со граматичките категории на именките, направени од страна на студентите од странство што го учат македонскиот јазик, а чиј мајчин јазик е еден од словенските јазици. Си поставивме цел да бидат земени предвид вежби за почетно рамниште од учебници по македонски јазик како странски, кои беа искористени за подготвување контролни тестови, како и вежби за средно рамниште подготвени за потребите на ТЕМАК-тестовите. Во нашата анализа ги имавме предвид следните критериуми: 1. Контролните тестови да бидат спроведени меѓу студенти што го учат македонскиот јазик како странски надвор од Република Македонија (во некои од лекторатите по македонски јазик); 2. Со контролните тестови да бидат опфатени студенти чиј мајчин јазик е еден од словенските јазици; 3. Во анализата да се вклучат и тестови сработени според европските стандарди, како што се ТЕМАКтестовите. По анализата на одговорите, каде што ќе биде застапена и статистичка анализа, очекуваме да дојдеме до заклучоци - каков вид вежби се потребни за усвојување на граматичките категории кај именките.
Downloads
Референци
Илијас, Ј., Јакимова, Г., Јовановска, Ј., Кадриу, В., ЛазароваНиколовска, А., Марковска, З., Никодиновска, Р., Николовска, А.,
Николовска, В., Николовска, Н., Панева, Б., Стаменкоска, И.,
Стефаноски, М., Сулејмани, Б., Тоска, В., Трајкова, М. 2011: Прирачник
за наставата по немајчин јазик за наставниците во основното, средното
и високото образование, Скопје: Британски совет
Алексова, Г. 2012: Ѕуница – средно рамниште, Скопје: Универзитет „Св.
Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“
Бојковска, Ст., Пандев, Д., Минова – Ѓуркова, Л., Цветковски, Ж. 2008:
Општа граматика на македонскиот јазик, Скопје: Просветно дело АД
Бужаровска, Е., Гочкова-Стојановска, Т. 1995: Зборувате ли македонски?
Почетен курс за странски (работна тетратка), Скопје: МЕДИСинформатика
Гочкова-Стојановска, Т., Пановска-Димкова, И. 2012: Божилак – почетно
рамниште, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки
факултет „Блаже Конески“
Дикро, О., Тодоров, Цв. 1987: Енциклопедиски речник на науките за јазикот
1. Превод од француски и напомени: Проф. д-р Атанас Вангелов, Скопје:
Детска Радост
Дикро, О., Тодоров, Цв. 1987: Енциклопедиски речник на науките за јазикот
2. Превод од француски и напомени: Проф. д-р Атанас Вангелов, Скопје:
Детска Радост
Дучевска, А. 2003: Наставата по македонски јазик како странски во
функција на нејзините цели, Наставата по македонски јазик како странски:
Состојби и перспективи, Скопје: 2-ри Август С - Штип, стр. 41
Дучевска, А. 2013: Македонскиот јазик како странски (состојби - процеси -
перспективи), Меѓународен собир на соработка, прв, втор, друг јазик: Македонско - хрватски споредби. Зборник на трудови, Загреб: Национална
фондација за наука, високо образовање и технолошки развој, стр.56
Заедничка европска референтна рамка за јазици: учење, настава и оценување,
2012: Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј.
Конески, Бл. 2004: Граматика на македонскиот литературен јазик, Скопје:
Просветно дело
Конески, К. 1999: Правописен речник на македонскиот литературен јазик,
Скопје: Просветно дело
Кусевска, М., Митковска, Л. 1995: Зборувате ли македонски? Почетен курс
за странци (учебник), Скопје: МЕДИС-информатика
Минова-Ѓрукова, Л. 2000: Синтакса на македонскиот страндарден јазик,
Скопје: Магор
Минова-Ѓуркова, Л. 2007: Граматика на македонскиот стандарден јазик за
странци, Скопје: 2-ри Август С – Штип
Паноска, Р., Џукески, А. 1970: Македонски јазик за странци, почетен курс,
Скопје: Семинар за македонски јазик, литература и култура
Стоянов, Ст. 1983: Граматика на съвременния български книжовен език,
София, Издателство на българската академия на науките
Тантуровска, Л. 2005: Вежби и игри, Прирачник за учење македонски јазик
како странски/Games and Exercises, Handbook for the Acquisition of
Macedonian as a Foreign Language, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и
Методиј, Филолошки факултет „Блаже Конески“
Тантуровска, Л. 2010: Македонскиот јазик низ општествените промени,
Меѓународно списание „Филолошки студии“, Македонија, Россия,
Slovenija, Hrvatska. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте
Мисирков“, http://philologicalstudies.org/dokumenti/2010/vol1/1/R%20dr%20Lidija%20Tanturovska.pdf
Čirgić, A., Pranjković, I., Silić, J. 2012: Gramatika crnogorskoga jezika,
Podgorica
De Saussure, F. 1977: Opšta lingvistika, Beograd: Nolit
Ivić, M. 1975: Pravci u lingvistici, Ljubljana: Državna založba Slovenije
Jelaska, Z. 2005: Hrvatski kao drugi i strani jezik, Zagreb: Hrvatska sveučilišna
naklada
Jug-Kranjec, H. 1992: Slovenščina ya tujce, Ljubljana: Narodna i univerzitetna
knjižnica
Kristal, D. 1985: Enciklopedijski rečnik moderne lingvistike, Beograd: Nolit
Minović, M. 1974: Uvod u nauku o jeziku, Sarajevo: Zavod za izdavanje udžbenika
Rikard, S. 1969: Enciklopedijski rječnik lingvističkih naziva, Zagreb,
MaticaHrvatska.
Škiljan, D. 1980: Pogled u lingvistiku. Zagreb: Školska knjiga.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.