СЕМИОТИЧКИОТ ЈАЗИК НА ЗНАЦИТЕ И СИМБОЛИТЕ ВО ВИЗУЕЛНИТЕ ФОЛКЛОРНИ НАРАТИВИ – АНАЛИЗИ И СОГЛЕДУВАЊА
Апстракт
Одговорот дали клучните поими на категориите: претставувачки - синтактички и прагматички можат да се применат и во проучувањето на традиционалните визуелни наративи, како знаков систем со одредени симболички пораки, сметаме дека целосно кореспондира со основните постулати и методи на семиологијата, како наука за проучувањето на знаците и симболите и нивните меѓузаемни релации, кои ги воспоставуваат нив, односно носителите на знакот и на означеното (designatuma / denotatuma), каде што секој поединечен објектможе да имплицира одредени знаци. Во контекст на ова се и неколкуте посочени примери на вез, избор од македонските народни носии, за кои сметаме дека визуелно и семиолошки кореспондираат со мандалите на Јунг, дадени во овој текст, како слики со одредени симболички вредности, кои кажуваат во прилог на моќта на колективната меморија на еден народ (група или заедница), кој, во својата колективна свест, свесно или потсвесно ги интегрирала своите духовни, естетски и културни вредности. Оваа појава укажува дека станува збор за една архаична културна матрица, блиска до онтолошките универзални вредности на човекот во еден поширок културен, временски и ареален контекст. Oттука, сметаме дека полистадијалноста на фолклорот, во која се содржани различни слоеви од: митологијата, историјата и традицијата на една заедница, не е карактеристична само за различните литературно-наративни фолклорни форми, туку е применлива и во проучувањето на „визуелните наративи“ (декоративно обрасци, мотиви и орнаменти), застапени во традиционалната материјална култура на народите низ целиот свет.
Downloads
Референци
Drofles, Gillo. (1965) Pouroucontrel`estetique structuraliste, Revue international de philosophie, t. XIX, No.73-74, 409-441, Bruxelles.
Eko, Umberto. (1973) Kultura, informacija, komunikacija. [Culture, information, communication] Beograd: Nolit. (in Serbian)
Giro, Pjer. (1975)Semiologija,[Semiology], Belgrade publishing house, Beograd: Beogradskiizdavacko-grafickizavod. (in Serbian)
Hall, Manly P. (1928) The secret teachings of all ages, San Francisco: by H.S.Crocker com.
Jung, Carl G. (2017) Mandala Symbolism: Vol. 9i, collected Works, Vol., Princenton : Princeton Legacy Library.
Jung, Carl G. (1968) Man and His Symbols, Part I. The Importance of Dreams, New York :Anchor press.
Jung, Carl G. (1984) Psihoanaliza i alhemija [Psychoanalysis and alchemy,] Zagreb: Napred.
Kovačevič I., (1985) Semiologija rituala, [Semiology of rituals], Beograd:Prosveta.
Rudolf, Carnap.(1942) Introducion to Semantics. Cambridge: Harvard University Press.
Rudolf, Carnap (1947) Meaning and necessity: a Study in Semantics and Modal Logic, Chicago : University Chicago Press.
De Saussure, Ferdinand. (1916) Cours de linguistique générale, publié par Charles Bally, Albert Sechehayeet de Albert Riedlinger. Lausanne, Paris.
Wilhelm, Richardand Jung, Carl Gustav (1947) -translated and explained, The secret of the golden flower a Chinese book of life, London: Lund Humphries.
Барт,Ролан. (1971) Елементи семиологије, во: Књижевност, митологија, семиологија. Београд : Нолит. [Bart, Rolan. (1971) Elements of semiology, in: Literature, mythology, semiology. Belgrade: Nolit]. (in Serbian)
Ворингер, В. (1993) Абстракция и вчувствуване, София. [Voringer, V. (1993) Abstraction and Feeling, Sofia]. (In Bulgarian)
Јунг, КарлГустав. (2020) Спомени, соништа и размислувања, Скопје: КЦС/Полица. [Jung, Carl Gustav. (2020) Memories, dreams and reflections, Skopje: KCS/Polica.] (in Macedonian)
Леви-Строс, Клод (1971) Структура митова - Мит, Традиција, Савременост, Београд: Дело. [Levi-Stros, Klod (1971) The structure of myths - Myth, tradition, modernity, Beograd : Delo]. (in Serbian)
Лотман, Ю.М.(1987) Несколькомыслей о типологии кулътур, Язики культуры и проблеми переводимости, Москва, 5-37. [Lotman, Y.М (1987) Some thoughts on the typology of cultures, Languages of culture and problems of translatability, Moscow, 5-37]. (in Russian)
Мeлетински, J. M. (1975) Структурна типологија и фолкор, Народно стваралаштво фолклор, год. XIV, св. 53-56, Београд : Научно дело, 88-104. [Meletinsky, J. M. (1975) Structural typology and folklore, Folk-crafted folklore, yr. XIV, book. 53-56, Beograd: Naučno delo, 88-104.] (in Serbian)
Обрембски, Јозеф. (2003)Порече 1932 -1933, Скопје : Матица Македонска. [Obrembski, Josef. (2003) Poreče 1932 -1933, Skopje: Matica Makedonska]. (in Macedonian)
Ристовска Пиличкова, Јасминка. (2021) Симболиката на зооморфните мотиви во македонската традиционална текстилна орнаментика, Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје. [Ristovska Pilichkova, Jasminka. (2021) The symbolism of zoomorphic motifs in Macedonian traditional textile ornamentation, Institute of folklore "Marko Cepenkov", Skopje]. (in Macedonian)
Ристовска Пиличкова, Јасминка. (2015) Лазарските обредни форми и дејствија, извор на женската пубертетска иницијација на премин - низ примери од македонскиот фолклор, Philological Studies, 13(1), Скопје, 35-50. [Ristovska Pilichkova, Jasminka. (2015) Lazar ritual forms and actions, source of female puberty in itiation of transition – through examples from Macedonian folklore, Philological Studies, 13(1), Skopje, 35-50.] (in Macedonian)
Тресидер Џек (2001) Речник на симболи, види: мандала, 148-149. Скопје : ТРИ. [Tressider Jack (2001) Dictionary of Symbols, see: mandala, 148-149. Skopje: THREE] (in Macedonian).
АИФ – Архива на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје.
Авторски права (c) 2023 Jasminka Ristovska Pilickova
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.