ЗА ПРЕВОДОТ НА НЕКОИ СПЕЦИФИЧНИ КУЛТУРНИ ФЕНОМЕНИ ОД ГЕРМАНСКИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ШНИЦЛЕРОВАТА НОВЕЛА „ПОРУЧНИКОТ ГУСТЛ“
Апстракт
Предмет на оваа научна статија е анализата на специфичните културни феномени присутни во книжевните дела од транслатолошки аспект. Истражувањето се врши врз новелата „Поручникот Густл“ од Артур Шницлер, преведена на македонски јазик од Марина Нишлиска. Прво се детерминира поимот специфичен културен феномен, а потоа критички се разгледуваат постапките употребени за надминување на проблемите при преводот на специфичните културни феномени во оваа новела. За анализа се земени лексеми од материјалната култура, разлики во употребата на голема буква и некои комуникациски феномени (како што се: директно обраќање со ти/Вие, примена на вокатив и вулгаризми како лексички варијации од дијастратиски аспект). Онаму каде што преводот не ги задоволува критериумите за квалитет, се нудат подобри решенија за превод на ваквите феномени.
Downloads
Референци
Wirkung. Darmstadt: Wiss. Buchgesellschaft
Assmann. Aleida. 2006. Einführung in die Kulturwissenschaft. Grundbegriffe,
Themen, Fragestellungen. Berlin: Erich Schmidt
Gerzymisch-Arbogast. Heidrun. 1994. Übersetzungswissenschaftliches
Propädeutikum. Tübingen & Basel: Francke
Hansen. Doris. 1996. Zum Übersetzen von Kulturspezifika in Fachtexten. In:
Kelletat, Andreas F. (Hrsg.): Übersetzerische Kompetenz. Beiträge zur
universitären Übersetzerausbildung in Deutschland und Skandinavien. Frankfurt
am Main etc.: Peter Lang, 63–78
Hönig. G. Hans. & Kußmaul. Paul. 1982. Strategie der Übersetzung. Ein Lehr- und
Arbeitsbuch. Tübingen: Narr
Jäger. Gert. 1975. Translation und Translationslinguistik. Linguistische Studien.
Halle (Saale): Niemeyer
Koller. Werner. 2001. Einführung in die Übersetzungswissenschaft. 6. Aufl.
Wiebelsheim: Quelle & Meyer
Маролова. Даринка. 2013. Културни специфики во комуникацијата. Зборник
на трудови од научниот собир „Македонскиот јазик како средство за комуникација и како израз на културата“. кн. 23. Скопје: Институт за
македонски јазик „Крсте Мисирков“, 221-226
Маролова. Даринка. 2013. Затворање на лексичките празнини во
македонскиот јазик преку литературниот превод. 42. Меѓународен
симпозиум на книжевните преведувачи на Македонија „Македонскиот
јазик во книжевниот превод“. (26-28.08.2013). Скопје: Сојуз на
литературни преведувачи на Македонија
Nord. Christiane. 1989. Textanalyse und Übersetzungsauftrag. In: Königs, F. G.
(Hrsg.) Übersetzungswissenschaft und Fremdsprachenunterricht. Neue Beiträge
zu einem alten Thema. München: Goethe-Institut, 95-119
Nord. Christiane. 1993. Einführung in das funktionale Übersetzen. Am Beispiel von
Titeln und Überschriften. Tübingen & Basel: Franke
Paepcke. Fritz. 1994. Textverstehen-Textübersetzen-Übersetzungskritik. In: SnellHornby, M. (Hrsg.): Übersetzungswissenschaft - Eine neue Orientierung. Zur
Integrierung von Theorie und Praxis. Tübingen & Basel: Francke, 106-132
Sager. C. Juan. 1994. Die Übersetzung im Kommunikationsprozess: der Übersetzer
in der Industrie (Deutsche Fassung von Kußmaul, P.). In Snell-Hornby, M.
(Hrsg.): Übersetzungswissenschaft - Eine Neuorientierung. Zur Integrierung von
Theorie und Praxis. Tübingen & Basel: Francke, 331-347
Schnitzler. Arthur. 1995. Leutnant Gustl. In: Schnitzler, A. Leutnant Gustl &
Fräulein Else. Frankfurt am Main: Fischer
Snell-Hornby. Mary. 1994. Übersetzen, Sprache, Kultur. In Snell-Hornby, M.
(Hrsg.): Übersetzungswissenschaft - Eine Neuorientierung. Zur Integrierung von
Theorie und Praxis. Tübingen & Basel: Francke, 9-29
Шницлер. Аrtur. 2000. Поручникот Густл (превод: Марина Нишлиска). Во:
Мајсторски раскази од германско-јазичното подрачје. Скопје: Сигмапрес,
44-70
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.