Ние зачувуваме аноними кориснички активности. Ве молиме прочитајте ги информациите за приватност за детали.
2023
-
Philological StudiesТом 21 Бр. 2 (2023)
Со задоволство ги претставуваме двата нови броја на меѓународното славистичко мрежено онлајн списание „Philological studies“. Првиот број од изданието од 2023 година е посветен на сумирање на досегашната меѓународна соработка со релевантни научни и образовни установи, преку публикување на детална библиографија на сето она што е досега објавено на стра- ниците на „Philological studies“ изработена од Тамара Ќупева. Вториот број содржи прилози за словенските литератури, јазици, култури и културни истории. Во овогодишното издание се објавени дваесет и пет прилози.
Оваа година изданието го уредуваше Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија) во соработка со партнерите: Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб (Хрватска); Институтот за литература и уметност од Белград (Србија) и Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија). Во оваа пригода сакаме да им се заблагодариме на сите што учествуваа во создавањето на овогодишните „Филолошки студии“, особено на авторите, кои, со својот придонес, уште еднаш ја потврдија важноста на регионалното и на меѓународното поврзување во областа на хуманистичките науки.
-
Philological StudiesТом 21 Бр. 1 (2023)
Со задоволство ги претставуваме двата нови броја на меѓународното славистичко интернетско онлајн списание „Philological studies“. Првиот број од изданието од 2023 година е посветен на сумирање на досегашната меѓународна соработка со релевантни научни и образовни установи, преку публикување на подробна библиографија на сето она што е објавено досега на страниците на „Philological studies“, изработена од Тамара Ќупева. Вториот број содржи прилози за словенските литератури, јазици, култури и културни истории. Во овогодишното издание се објавени дваесет и пет прилози.
Оваа година изданието го уредуваше Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија) во соработка со партнерите: Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб; Институтот за литература и уметност од Белград (Србија) и Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија). Во оваа пригода сакаме да им се заблагодариме на сите што учествуваа во создавањето на овогодишните „Филолошки студии“, особено на авторите, кои, со својот придонес, уште еднаш ја потврдија важноста на регионалното и на меѓународното поврзување во областа на хуманистичките науки.
2022
-
Philological StudiesТом 20 Бр. 2 (2022)
Почитувани,
Пред вас се двата нови броја на мреженото онлајн списание „Филолошки студии“, кое, во 2022 година, слави 20-годишен јубилеј. Првиот број е посветен на многуактуелната филолошка и семиотичка тема „Поликодноста во јазикот, литературата и културата“. Трудовите опфатени во оваа тематика расветлуваат бројни аспекти од денешната актуелна и, по многу нешта, атрактивна тема за поликодираноста во современата култура, поаѓајќи од различни методолошки стојалишта. Вториот број содржи прилози за словенските литератури, јазици, култури и културни истории. Во двата броја ги задржавме постојаните рубрики на списанието „Филолошки студии“: Филозофско-културолошки проблеми; Историја и филологија; „Зборот“ во историско-културолошки контекст (споредбен аспект); Литературата во интеркултурен контекст; Современото општество во културата, во јазикот и во литературата; Проучување на говорот и лингводидактика; Рецензии и информации. Во овогодишното издание се објавени дваесет и два прилози.
Ова јубилејно издание го уредуваше Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб во соработка со партнерите: Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија), Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија) и Институтот за литература и уметност од Белград (Србија). Во оваа пригода сакаме да им се заблагодариме на сите што учествуваа во создавањето на овогодишните „Филолошки студии“, особено на авторите, кои, со својот придонес, уште еднаш ја потврдија важноста на регионалното и на меѓународното поврзување во областа на хуманистичките науки.
-
Philological StudiesТом 20 Бр. 1 (2022)
Dear colleagues,
We present the new, twentieth volume of the international online Slavistics journal Philological Studies. In agreement with other journal editorial boards, members of this year's main editorial board decided to dedicate the first issue to the topic of Polycode in language, literature, and culture.
All submissions are peer-reviewed
Published twice a year
This issue is supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia
Address:
Institute of Macedonian Literature
(for Philological Studies)
Grigor Prlichev 5, POBox 455
1000 Skopje
Republic of North Macedonia
Phone/fax ++389 2 3220-309
e-version of the journal at:
https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/
Skopje, 2022
2021
-
Филолошки студииТом 19 Бр. 2 (2021)
Драги колеги,
Ви ги претставуваме двата нови броја од XIX годиште на меѓународното онлајн славистичко списание „Филолошки студии“. Членовите на овогодинешниот главен уредувачки одбор, во договор со другите уреднички одбори на списанието, решија да го посветат првиот број на темата „Аспекти на младинските култури и младинските литератури во словенскиот свет“, со акцент на истражување на младинските култури и литератури во актуелните и во минати словенски контексти. Авторите, кои ги разгледуваат овие прашања од национални и од компаративни перспективи, се занимаваат со следните теми: јазици и дискурси на младинската литература; младински дискурси; словенски младински литератури (класици и современи автори); илустрации и сликовници; евалуација на младинските литератури; трендови во современи младински литератури; младински книжевни системи; интеркултурно посредување и превод на младински литературни текстови и рецепција во целната култура; спорни прашања во младинската литература. Во првиот број, трудовите се распоредени во петте постојани рубрики, од кои повеќето се сместени во рубриката „Литературата во интеркултурен контекст“.
Вториот, стандарден број, обединува трудови за словенските литератури, јазици, култури и културна историја. Собравме трудови на бројни автори од повеќе европски универзитетски центри и би сакале да ја искористиме оваа пригода да им се заблагодариме.
Броевите се подготвени од уредниците на Факултетот за уметности на Универзитетот во Љубљана (Словенија) со поддршка и во соработка со уредниците од нашите постојани партнери: Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Северна Македонија), Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Загреб (Хрватска), Филолошкиот факултет на Државниот универзитет во Перм (Русија) и Институтот за литература и уметност во Белград (Србија).
-
Филолошки студииТом 19 Бр. 1 (2021)

2020
-
Филолошки студииТом 18 Бр. 2 (2020)
Драги колеги,
Пред вас е новото издание на XVIII годиште на електронското меѓународно славистичко списание Филолошки студии. Членовите на овогодишната главна редакција, во договор со другите редакции на списанието решија првиот број да ѝ го посветат на темата Mеѓу траумата и егзилот, носталгијата и ностосот. Акцентот беше ставен на истражувањата на поимот на егзилот, како доминантна тема на свременото време, на темпоралното, на културното и на физичкото оттуѓување на индивиуите во постмодерниот свет, на нестабилниот и на променливиот идентитет во прогонство или на: проблемите на сеќавањето и заборавот, траумата и носталгијата, времето и просторот, општествените или духовните исклучувања. Целта на тематскиот број беше да ја овозможи анализата на овој важен и фасцинантен аспект на современата култура и да го поттикне повеќестраното истражување за концептите на егзил и напуштање – географското, временското, физичкото, идејното. За актуелноста на споменатите прашања сведочеа голем број примени текстови, разни пристапи и методолошки основи. Написите се класифицирани во шесте стандардни делови на списанието Филолошки студии. Вториот број на списанието, иако не е конципирано тематски, обединува корпус написи за словенските литератури, јазици, фолклор и културна историја. Беа собрани голем број текстови од соработници од повеќе европски центри, на кои им благодариме во оваа пригода.
Овој број на списанието го подготви редакцијата на Институтот за литература и уметност од Белград, а беше објавен со учество и поддршка на постојаните соработници: Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Филолошкиот факултет на Универзитетот во Перм, Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб, Филозофскиот Факултет на Универзитетот во Љубљана.
-
Помеѓу траумата и егзилот, носталгијата и враќањетоТом 18 Бр. 1 (2020)

2019
-
Филолошки студииТом 17 Бр. 1 (2019)
Почитувани,
Со задоволство ги претставуваме новите броеви на списанието „Филолошки студии“. Нашето издание останува платформа, каде што се споделуваат идеите на претставниците на разни хуманистички дисциплини: лингвистика, наука за литературата, фолклористика, историја на културата итн. Меѓународното славистичко списание е отворено за соработка со истражувачите што ги претставуваат различните научни традиции и школи. Благодарение на ова, секоe издание покажува широк спектар на актуелни проблеми од современата филологија и од нејзините сродни дисциплини.
Првиот број на списанието е посветен на темата „Словенските култури во трансфер“. Во статиите, вклучени во него, се проучуваат динамични процеси во јазикот, во литературата и во културните традиции. Авторите се интересираат за меѓуетничките и за меѓународните интеракции, влијанија и позајмувања од другите култури, за механизмите на адаптација на позајмените елементи кон новото опкружување и за проблемите со преводот од сродните јазици.
Во двата броја за 2019 година се објавени триесет и девет статии. Им изразуваме благодарност на проучувачите од: Македонија, Русија, Белорусија, Словенија, Србија и Хрватска, за нивните научни трудови. Оваа година изданијата на списанието ги подготви Филолошкиот факултет на Пермскиот државен национален истражувачки универзитет. Објавувањето е остварено со учество и со поддршка на редовните партнери: Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб, Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана и Институтот за литература и уметност во Белград. -
Филолошки студииТом 17 Бр. 2 (2019)
Почитувани,
Со задоволство ги претставуваме новите броеви на списанието „Филолошки студии“. Нашето издание останува платформа, каде што се споделуваат идеите на претставниците на разни хуманистички дисциплини: лингвистика, наука за литературата, фолклористика, историја на културата итн. Меѓународното славистичко списание е отворено за соработка со истражувачите што ги претставуваат различните научни традиции и школи. Благодарение на ова, секоe издание покажува широк спектар на актуелни проблеми од современата филологија и од нејзините сродни дисциплини.
Првиот број на списанието е посветен на темата „Словенските култури во трансфер“. Во статиите, вклучени во него, се проучуваат динамични процеси во јазикот, во литературата и во културните традиции. Авторите се интересираат за меѓуетничките и за меѓународните интеракции, влијанија и позајмувања од другите култури, за механизмите на адаптација на позајмените елементи кон новото опкружување и за проблемите со преводот од сродните јазици.
Во двата броја за 2019 година се објавени триесет и девет статии. Им изразуваме благодарност на проучувачите од: Македонија, Русија, Белорусија, Словенија, Србија и Хрватска, за нивните научни трудови. Оваа година изданијата на списанието ги подготви Филолошкиот факултет на Пермскиот државен национален истражувачки универзитет. Објавувањето е остварено со учество и со поддршка на редовните партнери: Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб, Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана и Институтот за литература и уметност во Белград. 2018
-
Philological StudiesТом 16 Бр. 1 (2018)
Почитувани,
За правилно функционирање и развивање на научноистражувачката дејност од пресудно значење е односот и комуникацијата меѓу различните научни средини што веќе шеснаесет години успешно се одвива преку Меѓународното електронско славистичко списание „Филолошки студии“.
Двата броја на списанието оваа година ги подготви „Институтот за македонска литература“ од Скопје – Македонија, со помош и со поддршка од досегашните партнери: Филолошкиот факултет при Пермскиот државен националноистражувачки универзитет (Русија), Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана (Словенија), Филозофскиот факултет од Универзитетот во Загреб (Хрватска) и Институтот за книжевност и уметност во Белград (Србија). Во списанието се презентирани триесет и пет научни прилози од автори од: Македонија, Русија, Србија, Хрватска, Словенија и Молдавија, во кои се обработуваат значајни теми од различни научни сфери како што се: уметноста, филологијата, филозофијата и историјата.
Списанието е архивирано во Central and Eastern European Online Library (C.E.E.O.L), во Хрватскиот портал за научни списанија (Hrčak), во Рускиот индекс за цитирање (РИНЦ).
Списанието е вклучено во меѓународните бази: MLA International Language Association, Ulrich's Periodicals Directory, EBSCOhost, Gale i ProQuest.
-
Филолошки студииТом 16 Бр. 2 (2018)

2017
-
Филолошки студииТом 15 Бр. 1 (2017)
Почитувани,
Пред вас е вмреженото издание на двата нови броја на Филолошки студии, кои, во 2017 година, ги подготви Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб во соработка со партнерите Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија), Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија), Институтот за книжевност и уметност во Белград (Србија), Филолошкиот факултет при Пермскиот државен универзитет (Русија). Во двата броја објавени се вкупно четириесет и три прилози, кои им се достапни на сите корисници и сведочат за продолжување на традицијата на регионалното и на меѓународното поврзување на полето на хуманистичките науки.
Се задржавме на рубриките дефинирани од претходните години: Филозофско-културолошки проблеми, Историја и филологија, „Зборот” во историско-културолошки контекст, Книжевноста во итеркултурен контекст, Современото општество во културата, во јазикот и во литературата, Лингвистика и глотодидактика и Прикази и информации.
Им благодариме на авторите од: Русија, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Хрватска, на нивните прилози, кои ги расветлуваат современите и традиционалните културни, книжевни и јазични појави од различни методолошки приоди.
Списанието е архивирано во Central and Eastern European Online Library (C.E.E.O.L), во Хрватскиот портал за научни списанија (Hrčak), во Рускиот индекс за цитирање (РИНЦ). Списанието е вклучено во меѓународните бази: MLA International Language Association, Ulrich's Periodicals Directory, EBSCOhost, Gale i ProQuest. -
Филолошки студииТом 15 Бр. 2 (2017)
Почитувани,
Пред вас е вмреженото издание на двата нови броја на Филолошки студии, кои, во 2017 година, ги подготви Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб во соработка со партнерите Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија), Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија), Институтот за книжевност и уметност во Белград (Србија), Филолошкиот факултет при Пермскиот државен универзитет (Русија). Во двата броја објавени се вкупно четириесет и три прилози, кои им се достапни на сите корисници и сведочат за продолжување на традицијата на регионалното и на меѓународното поврзување на полето на хуманистичките науки.
Се задржавме на рубриките дефинирани од претходните години: Филозофско-културолошки проблеми, Историја и филологија, „Зборот” во историско-културолошки контекст, Книжевноста во итеркултурен контекст, Современото општество во културата, во јазикот и во литературата, Лингвистика и глотодидактика и Прикази и информации.
Им благодариме на авторите од: Русија, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Хрватска, на нивните прилози, кои ги расветлуваат современите и традиционалните културни, книжевни и јазични појави од различни методолошки приоди.
Списанието е архивирано во Central and Eastern European Online Library (C.E.E.O.L), во Хрватскиот портал за научни списанија (Hrčak), во Рускиот индекс за цитирање (РИНЦ). Списанието е вклучено во меѓународните бази: MLA International Language Association, Ulrich's Periodicals Directory, EBSCOhost, Gale i ProQuest. 2016
-
Филолошки студииТом 14 Бр. 1 (2016)
Почитувани,
Пред вас се двата нови броја на списанието „Филолошки судии”, кои, во 2016 година, ги подготви Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана во соработка со партнерите: Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје (Македонија), Филозофскиот факултет од Универзитетот од Загреб (Хрватска), Институтот за книжевност и уметност од Белград (Србија) и Филолошкиот факултет на Пермскиот државен универзитет (Русија). Се објавени 39 статии, достапни на Интернет за сите корисници, кои сведочат за продолжување на традицијата на регионалната и на меѓународната интеграција во областа на истражувањето во општествените и во хуманистиките науки. Ги задржавме рубриките, дефинирани во претходните години: Филозофско-културолошки проблеми, Историја и филологија, Зборот во историско-културолошки контекст, Книжевноста во интеркултурен контекст, Современото општество во културата, јазикот и литературата, Лингвистика и глотодидактика и Рецензии.
Им благодарам на авторите од: Русија, Македонија, Србија, Хрватска, Унгарија, Словенија, Украина, за прилозите, во кои се обработуваат современи и традиционални културни, книжевни и лингвистички феномени со различни методолошки приоди.
Списанието е архивирано во (C.E.E.O.L), во хрватскиот портал за научни списанија (Хрчак), во Рускиот индекс за цитирање (РИНЦ). Списанието е вклучено и во меѓународните бази на податоци: MLA International Language Association, Ulrich’s Periodicals Directory, EBSCOhost, Gale и ProQuest. -
Филолошки студииТом 14 Бр. 2 (2016)
Почитувани,
Пред вас се двата нови броја на списанието „Филолошки судии”, кои, во 2016 година, ги подготви Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана во соработка со партнерите: Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје (Македонија), Филозофскиот факултет од Универзитетот од Загреб (Хрватска), Институтот за книжевност и уметност од Белград (Србија) и Филолошкиот факултет на Пермскиот државен универзитет (Русија). Се објавени 39 статии, достапни на Интернет за сите корисници, кои сведочат за продолжување на традицијата на регионалната и на меѓународната интеграција во областа на истражувањето во општествените и во хуманистиките науки. Ги задржавме рубриките, дефинирани во претходните години: Филозофско-културолошки проблеми, Историја и филологија, Зборот во историско-културолошки контекст, Книжевноста во интеркултурен контекст, Современото општество во културата, јазикот и литературата, Лингвистика и глотодидактика и Рецензии.
Им благодарам на авторите од: Русија, Македонија, Србија, Хрватска, Унгарија, Словенија, Украина, за прилозите, во кои се обработуваат современи и традиционални културни, книжевни и лингвистички феномени со различни методолошки приоди.
Списанието е архивирано во (C.E.E.O.L), во хрватскиот портал за научни списанија (Хрчак), во Рускиот индекс за цитирање (РИНЦ). Списанието е вклучено и во меѓународните бази на податоци: MLA International Language Association, Ulrich’s Periodicals Directory, EBSCOhost, Gale и ProQuest. 2015
-
Филолошки студииТом 13 Бр. 1 (2015)
Почитувани,
Списанието Филолошки студии за прв пат оваа година го подготвува и го издава Институтот за книжевност и уметност од Белград. И натаму продолжува добрата практика на регионална и на меѓународна соработка, затоа што хуманистичките науки и по дефиниција упатуваат на широки погледи и интердисциплинарност. Задржани се истите рубрики од претходните годишта, со тоа што оваа година списанието за прв пат излегува во два броја.
Им се заблагодаруваме на соработниците од: Русија, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Естонија, Украина и Србија за нивните прилози, кои, преку различни методолошки приоди, ги расветлуваат феномените на традиционалната и современа култура, како и на авторите на приказите на: одделни книги, зборници и конференции, затоа што овој вид академско ангажирање е неопходен за да допрат информациите за најновите истражувања до широката научна јавност. -
Филолошки студииТом 13 Бр. 2 (2015)
Почитувани,
Списанието Филолошки студии за прв пат оваа година го подготвува и го издава Институтот за книжевност и уметност од Белград. И натаму продолжува добрата практика на регионална и на меѓународна соработка, затоа што хуманистичките науки и по дефиниција упатуваат на широки погледи и интердисциплинарност. Задржани се истите рубрики од претходните годишта, со тоа што оваа година списанието за прв пат излегува во два броја.
Им се заблагодаруваме на соработниците од: Русија, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Естонија, Украина и Србија за нивните прилози, кои, преку различни методолошки приоди, ги расветлуваат феномените на традиционалната и современа култура, како и на авторите на приказите на: одделни книги, зборници и конференции, затоа што овој вид академско ангажирање е неопходен за да допрат информациите за најновите истражувања до широката научна јавност. 2014
-
Филолошки студииТом 12 Бр. 1 (2014)
Почитувани,
Значењето на секоја научноистрaжувачка дејност се огледа во меѓународната соработка, затоа што ниедна научна област не може витално да се развива без промоции, комуникации и споредби со другите културни средини. Токму затоа чувствуваме големо задоволство што и во ова дванаесетто издание на списанието Филолошки студии (www.philologicalstudies.org) во 2014 година, кое го подготви „Институтот за македонска литература“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје, заедно со своите партнери, се објавени 56 прилози од реномирани, но и од голем број млади научници од различни славистички центри (Перм, Љубљана, Скопје, Загреб, Белград, Вашингтон, Братислава, Штип, Осјек, Марибор, Бања Лука, Битола).
Oваа година ја проширивме нашата Редакција со вклучувањето на „Институтот за книжевност и уметност“ од Белград (Србија) како петти рамноправен партнер во списанието, заедно со Институтот за македонска литература од Скопје (Македонија), Филолошкиот факултет при Пермскиот државен национално-истражувачки универзитет (Русија), Филозофскиот факултет од Универзитетот во Загреб (Хрватска) и со Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана (Словенија).
Слободно можеме да кажеме дека материјалите што се наоѓаат на страниците на ова списание ќе го свртат вниманието на светската јавност со својата слоевитост и разновидност на презентираното духовно богатство. Низ нив се согледуваат карактеристиките на изворните цивилизациски наследства, третирани на современ начин и разгледувани со испитувачко-критички дух карактеристичен за новото време. -
Филолошки студииТом 12 Бр. 2 (2014)
Почитувани,
Значењето на секоја научноистрaжувачка дејност се огледа во меѓународната соработка, затоа што ниедна научна област не може витално да се развива без промоции, комуникации и споредби со другите културни средини. Токму затоа чувствуваме големо задоволство што и во ова дванаесетто издание на списанието Филолошки студии (www.philologicalstudies.org) во 2014 година, кое го подготви „Институтот за македонска литература“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје, заедно со своите партнери, се објавени 56 прилози од реномирани, но и од голем број млади научници од различни славистички центри (Перм, Љубљана, Скопје, Загреб, Белград, Вашингтон, Братислава, Штип, Осјек, Марибор, Бања Лука, Битола).
Oваа година ја проширивме нашата Редакција со вклучувањето на „Институтот за книжевност и уметност“ од Белград (Србија) како петти рамноправен партнер во списанието, заедно со Институтот за македонска литература од Скопје (Македонија), Филолошкиот факултет при Пермскиот државен национално-истражувачки универзитет (Русија), Филозофскиот факултет од Универзитетот во Загреб (Хрватска) и со Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана (Словенија).
Слободно можеме да кажеме дека материјалите што се наоѓаат на страниците на ова списание ќе го свртат вниманието на светската јавност со својата слоевитост и разновидност на презентираното духовно богатство. Низ нив се согледуваат карактеристиките на изворните цивилизациски наследства, третирани на современ начин и разгледувани со испитувачко-критички дух карактеристичен за новото време. 2013
-
Филолошки студииТом 11 Бр. 1 (2013)
Пред нас е единаесеттиот број на меѓународното интердисциплинарно славистичко списание „Филолошки студии“ (www.philologicalstudies.org), чија трајна мисија е создавање и промовирање на вистинските вредности и поттикнување на научната и на културната размена меѓу народите од словенскиот свет. Подготовката на овогодишното издание, кое донесува триесетина научни прилози од реномирани, но и од помлади автори, ја направи „Институтот за македонска литература“ од Скопје - Македонија, со помош и поддршка од досегашните партнери: Филолошкиот факултет при Пермскиот државен национално-истражувачки универзитет(Русија), Филозофскиот факултет од Универзитетот во Заграб (Хрватска) и Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана (Словенија).
Како посебна специфика на ова издание, се изделува евидентната насоченост на авторите кон културолошките проблеми, лингвистичките теми, како и свртеноста кон современите текови нагласувајќи ја важноста на културните политики засновани на мултикултурниот принцип кој, наспроти фрагментацијата или конфликтите, придонесува за културната интеграција на Македонија, Русија, Хрватска и Словенија, односно го отвора интеркултурниот дух, кој му одговара на модерниот динамичен свет.
Она што претставува новина за ова издание е што списанието „Филолошки студии“ веќе е вклучено, индексирано и архивирано во онлајн-библиотеката на Централна и Источна Европа (C.E.E.O.L.), на хрватскиот портал на научни списанија Хрчак, како и во Рускиот индекс на цитирање (РИНЦ).
Со ваквата своја насоченост, „Филолошки студии“ и натаму продолжува да егзистира како синонимска ознака на културолошка и на научна валоризација со интернационална препознатливост. -
Филолошки студииТом 11 Бр. 2 (2013)
Пред нас е единаесеттиот број на меѓународното интердисциплинарно славистичко списание „Филолошки студии“ (www.philologicalstudies.org), чија трајна мисија е создавање и промовирање на вистинските вредности и поттикнување на научната и на културната размена меѓу народите од словенскиот свет. Подготовката на овогодишното издание, кое донесува триесетина научни прилози од реномирани, но и од помлади автори, ја направи „Институтот за македонска литература“ од Скопје - Македонија, со помош и поддршка од досегашните партнери: Филолошкиот факултет при Пермскиот државен национално-истражувачки универзитет(Русија), Филозофскиот факултет од Универзитетот во Заграб (Хрватска) и Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана (Словенија).
Како посебна специфика на ова издание, се изделува евидентната насоченост на авторите кон културолошките проблеми, лингвистичките теми, како и свртеноста кон современите текови нагласувајќи ја важноста на културните политики засновани на мултикултурниот принцип кој, наспроти фрагментацијата или конфликтите, придонесува за културната интеграција на Македонија, Русија, Хрватска и Словенија, односно го отвора интеркултурниот дух, кој му одговара на модерниот динамичен свет.
Она што претставува новина за ова издание е што списанието „Филолошки студии“ веќе е вклучено, индексирано и архивирано во онлајн-библиотеката на Централна и Источна Европа (C.E.E.O.L.), на хрватскиот портал на научни списанија Хрчак, како и во Рускиот индекс на цитирање (РИНЦ).
Со ваквата своја насоченост, „Филолошки студии“ и натаму продолжува да егзистира како синонимска ознака на културолошка и на научна валоризација со интернационална препознатливост. 2012
-
Филолошки студииТом 10 Бр. 1 (2012)Почитувани, Пред нас е меѓународното интердисциплинарно славистичко списание Филолошки студии, 2012, (www.philologicalstudies.org), кое, оваа година, го одбележува својот јубилеј – десет години постоење и развивање на дијалогот меѓу народите, културите и традициите на: Македонија, Русија, Хрватска, Словенија и пошироко (преку активната улога на членовите во редакцискиот состав од славистички центри на: Германија, Австрија, Украина и Босна и Херцеговина) проширувајќи го полето на интерес и кон другите културни средини. Списанието се занимава со презентација на актуелните, но и на трајните културни вредности од повеќе дисциплини (литература, лингвистика, историја, филозофија, антропологија, социологија, театрологија и др.). Неговиот отворен и интеркултурен пристап дава извонредна можност за: претставување, осознавање, зближување, почитување и градење на културите на земјите-учеснички низ светот. Се работи за издание, кое содржи триесетина прилози од реномирани автори од посочените земји преку кои се даваат релевантни одговори на вечните прашања што ги поставува човечкиот неспокој и се разрешуваат низа дилеми и проблеми од светот на културата. Честа да го срочи ова јубилејно издание ѝ припадна на Македонија, за што сме искрено благодарни и се надеваме дека списанието и натаму, уште позасилено, ќе продолжи да ја остварува својата благородна цел, да биде мост меѓу културите и народите.
-
Филолошки студииТом 10 Бр. 2 (2012)
Почитувани,
Пред нас е меѓународното интердисциплинарно славистичко списание Филолошки студии, 2012, (www.philologicalstudies.org), кое, оваа година, го одбележува својот јубилеј – десет години постоење и развивање на дијалогот меѓу народите, културите и традициите на: Македонија, Русија, Хрватска, Словенија и пошироко (преку активната улога на членовите во редакцискиот состав од славистички центри на: Германија, Австрија, Украина и Босна и Херцеговина) проширувајќи го полето на интерес и кон другите културни средини. Списанието се занимава со презентација на актуелните, но и на трајните културни вредности од повеќе дисциплини (литература, лингвистика, историја, филозофија, антропологија, социологија, театрологија и др.). Неговиот отворен и интеркултурен пристап дава извонредна можност за: претставување, осознавање, зближување, почитување и градење на културите на земјите-учеснички низ светот. Се работи за издание, кое содржи триесетина прилози од реномирани автори од посочените земји преку кои се даваат релевантни одговори на вечните прашања што ги поставува човечкиот неспокој и се разрешуваат низа дилеми и проблеми од светот на културата. Честа да го срочи ова јубилејно издание ѝ припадна на Македонија, за што сме искрено благодарни и се надеваме дека списанието и натаму, уште позасилено, ќе продолжи да ја остварува својата благородна цел, да биде мост меѓу културите и народите. 2011
-
Филолошки студииТом 9 Бр. 1 (2011)Уважаемые коллеги,
вашему вниманию предлагается девятый выпуск международного издания научных трудов «Филологические заметки», собранный и подготовленный к печати Пермским государственным национальным исследовательским университетом (Россия).
Настоящее издание включает статьи и рецензии на русском, македонском, хорватском, словенском и английском языках и состоит из шести тематических блоков, посвященных решению филологической проблематики в концептуальных парадигмах различных гуманитарных наук (филологии, философии, истории, культурологии, социологии, лингводидактики).
Вопросы общетеоретического и философско-культурологического характера рассматриваются в разделе «Философско-культурологические проблемы». Проблемам диахронии посвящен блок «История и филология». Вопросы компаративистики и типологии обсуждаются в разделе «Слово в историко-культурологическом контексте (сопоставительный аспект)». Проблематика современного общества является предметом рассмотрения в разделе «Современный социум в культуре, языке, литературе». И, наконец, вопросы прикладного характера ставятся в тематическом блоке «Речеведение. Лингводидактика». Последний раздел – это рубрика «Рецензии. Информация», где представлен обзор последних публикаций, результатов научно-исследовательских проектов и конференций, значимых событий.
Сборник предлагает вниманию читателей богатый спектр научно-исследовательских проблем, который не только позволяет ознакомиться с исследованиями коллег и информировать их о своей работах, но и открывает пути для дальнейшего расширения научного сотрудничества и презентации научно-исследовательских результатов за пределами стран-участниц проекта, а неутихающий интерес к проекту «Филологические заметки» подтверждает его значимость.
Электронная версия издания и архив предыдущих выпусков опубликованы на сайте http://www.philologicalstudies.org.