Philological Studies Vol.12 No.2 2014

Почитувани,

Значењето на секоја научноистрaжувачка дејност се огледа во меѓународната соработка, затоа што ниедна научна област не може витално да се развива без промоции, комуникации и споредби со другите културни средини. Токму затоа  чувствуваме големо задоволство што и во ова дванаесетто издание на списанието Филолошки студии (www.philologicalstudies.org) во 2014 година, кое го подготви „Институтот за македонска литература“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје, заедно со своите партнери, се објавени 56 прилози од реномирани, но и од голем број млади научници од различни славистички центри (Перм, Љубљана, Скопје, Загреб, Белград, Вашингтон, Братислава, Штип, Осјек, Марибор, Бања Лука, Битола).
Oваа година ја проширивме нашата Редакција со вклучувањето на „Институтот за книжевност и уметност“ од Белград (Србија) како петти рамноправен партнер во списанието, заедно со Институтот за македонска литература од Скопје (Македонија), Филолошкиот факултет при Пермскиот државен национално-истражувачки универзитет (Русија), Филозофскиот факултет од Универзитетот во Загреб (Хрватска) и со Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана (Словенија).
Слободно можеме да кажеме дека материјалите што се наоѓаат на страниците на ова списание ќе го свртат вниманието на светската јавност со својата слоевитост и разновидност на презентираното духовно богатство. Низ нив се согледуваат карактеристиките на изворните цивилизациски наследства, третирани на современ начин и разгледувани со испитувачко-критички дух карактеристичен за новото време.

Објавено: 2014-11-01

Книжевноста во интеркултурен контекст

Современото oпштество во културата, јазикот и литературата

Рецензии и информации